ДЕТСКАТА БОЛНИЦА КОЗЛЕ РАБОТИ СЕКОЈ ДЕН 24 ЧАСА

Министерството за здравство е информирано од Детската болница Козле дека од минатата недела е воведена можноста за вршење комплетни лабораториски испитувања и во трета смена, што значи сите пациенти кои имаат потреба може во било кое време да се јават на дежурен лекар каде ќе добијат комплетна здравствена услуга, вклучувајќи ги и потребните лабораториски испитувања.
Потсетуваме дека дежурната служба во Детската болница Козле работи секој ден 24 часа.

Share This Article :

Related Posts