ДНЕВНА СРЕДБА НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЛАДИМИР РЕНДЕВСКИ СО ДЕЦАТА СО ДИЈАБЕТЕС ТИП 1 И НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ НА ХИПОДРОДМОТ ВО СКОПЈЕ

Денес заменик министерот за здравство, доц. д-р Владимир Рендевски во коњичкиот клуб Хиподром, присуствуваше на дневна средба со Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија –БАЛАНС МК.

На неформаланото дневно дружење, беа истакнати искуствата со кои родителите и децата со дијабетес, ги имаат во текот на секојдневниот живот, проблемите со кои се соочуваат, како и стратегиите и плановите на оваа асоцијација.

Од особено приоритетно значење е што поскоро институционално набавување на CGMs (Con2nuous Glucose Monitors systems) или системи за континуирано и безболно следење на гликемијата, медицински уреди кои на децата и лицата со дијабетес им овозможуват значително подобра гликемиска контрола, помал број на хипогликемии и помала глуковаријбилност и мирен сон. Овие системи покрај мерењето нудат и показатели т.е. трендови на идно движење на шеќерот во крвта – дали тој ќе биде стабилен, односно дали ќе расте или паѓа и дали тие падови и растови ќе бидат спори или нагли: предвидување на хипо или хипергликемии во реално време.
Заменик министерот Рендевски се заложи за што поскоро решавање на овој проблем, со цел да се овозможи квалитетен живот на децата со дијабетес тип 1 во нашата земја.

Сподели на:

Related Posts