ДО ОДГОВОРНИТЕ ЛИЦА НА ПОРТАЛОТ НОВА ТВ

Во врска со објавата на НОВА ТВ од 08.08.2018 во 18.49 часот – „Министерот Филипче потпишал договор од 700 000 евра без тендер“,  Министерството за здравство ги отфрла инсинуациите и шпекулациите наведени во текстот.

Имено, Министерството за здравство потпишало варијација на веќе постоечки договор, а не како што се наведува во текстот нов договор. Тоа го наведува читателот на сериозна заблуда која што низ текстот се доградува.

За појаснување, Варијација се потпишува на веќе постоечки договори кога за тоа постојат оправдани причини (причини кои во овој случај е надлежен да ги цени банката кредитор со давање на No objection, односно врши претходна проверка) и се однесува на средства кои се веќе алоцирани со договорот, односно средства од резерва „contingesy“. При тоа треба да се има во предвид дека се работи за FIDIC форма на договор, а постапката за јавна набавка како и за понатамошната имплементација се вршат по правила и процедури на кредиторот. Истото е предвидено во Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Совет на Европа, односно предвидено е изземање на Законот за јавни набавки.

Уште еднаш потенцираме дека техничката мисија на кредиторот изврши увид и на лице место и изврши увид во целокупната документација, го констатираше фактот дека веќе има два неуспешни договори за истиот објект, утврди дека објектот на болницата и објектот на акцелераторот претставуваат функционална и локациска целина, а имајќи во предвид дека и се финансираат од ист меѓународен финансиски извор (ЦЕБ) и поради сето тоа беше даден No objection за потпишаната варијација.

Сето ова значи дека биле и се исполнети сите правни претпоставки за потпишаната варијација и истата како финален документ е повторно доставена на увид.

Авторот на текстот прави целосно вадење на фактичката ситуација од реалниот контекст и низ призмата на несоодветни фрази и формулации се прави дисторзија на реалната слика која што е во целост во согласност со апликативните позитивно правни норми.

Поради тоа, бараме во врска со овој текст да биде објавен нашиот демант, како и да биде објавено извинување и целосно повлекување на споменатиот текст.

Share This Article :

Related Posts