ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР, Д-Р МИЛОШЕВ НА СРЕДБА СО ТИКА

Државниот секретар во Министерство за здравство, д-р Владимир Милошев, одржа работна средба со делегација од Турска владина агенција за соработка и координација-ТИКА, предводена од Ајтекин Ајден, програмски координатор на ТИКА за Македонија и д-р Орхан Дерман, проф по педијатрија на Универзитет во Турција. 

Целта на средбата е претстојната обука на педијатри и неонатолози од интензивна нега на Клиника за детски болести и Клиника за гинекологија и акушерство, што ќе се одржи од 9. до 11 мај на Детската клиника.

На средбата, меѓу другото стана збор за можностите за унапредување на соработката на јавните здравствени установи во државата, беше изразено задоволство од досегашната соработка и можностите за нејзино продлабочување во иднина.

Share This Article :

Related Posts