ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР Д-Р ВЛАДИМИР МИЛОШЕВ ВО ПОСЕТА НА БОЛНИЦАТА ВО ГЕВГЕЛИЈА

Државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев денеска ги посети Општата болница и Здравствениот дом во Гевгелија, каде се сретна со директорите и стручниот колегиум на двете установи.

– Реформскиот процес за спојување на општите болници и здравствените домови, кој веќе почна да се спроведува преку Владата и Министерството за здравство, е конкретниот повод за работната посета на Гевгелија, изјави Милошев.

Со овој реформски процес најголемиот бенефит ќе го имаат пациентите, бидејќи ќе има целосно спојување на кадарот, опремата, возниот парк. Сето она што досега значеше должништво меѓу институциите, појасни, повеќе ќе го нема, така што како една институција ќе им пружаат навремени, поквалитетни и поефикасни услуги на пациентите.

– Покрај ова, практика на Министерството за здравство ќе остане постојано да бидеме на терен за да вршиме увид на состојбата во јавните здравствени установи, проблемите со кои се соочуваат и како Министерство да им помогнеме во решавањето на проблемите и потребите кои ги имаат за подобрување на услугите и условите за работа на персоналот, посочи д-р Милошев.

Share This Article :

Related Posts