Државниот секретар, д-р Владимир Милошев во посета на Јавната здравствена установа Психијатриската болница – Негорци

Државниот секретар, д-р Владимир Милошев, беше во обиколка на Јавната здравствена установа Психијатриската болница – Негорци каде заедно со раководството на оваа болница ја разгледаа актуелната состојба во оваа установа, како и условите за третман на овие пациенти.

Токму со цел, унапредување на третманот во оваа област, д-р Милошев информираше  дека во подготовка е Национална стратегија за превенција и унапредување на менталното здравје во РМ,  2018-2025.

Со оваа Национална стратегија предвидено е да се промовира превенцијата од менталните заболувања за целото население, како и намалување на стигмата и дискриминацијата на лицата со ментални растројства.

Сите лица во Република  Македонија, без оглед на возраста, полот, родот, националната, етничката и верската припадност, како и семејниот статус, ќе имаат можност за соодветен третман во институциите за ментално здравје, со цел подобрување на менталното здравје на поединецот и на населението.

Share This Article :

Related Posts