ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР И ДИРЕКТОРКАТА НА ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА „НЕГОРЦИ“ ГО НАЈАВИЈА ПОЧЕТОКОТ НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА АКУТНОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ОВАА УСТАНОВА

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев заедно со директорката на Психијатриската болница „Негорци“, д-р Љуба Цилкова, го најавија почетокот на реконструкција на акутното одделение во оваа установа. 
Станува збор за комплетна реконструкција на акутното машко и женско одделение, со која значително ќе се подигне стандардот за третман на психијатриските болни, а воедно ќе се овозможат подобри услови за престој на овие лица.
Вредноста на оваа реконструкција изнесува над 9 милиони денари (сопствени средства на установата), а се очекува да биде завршена за околу половина година. 

Сподели на:

Related Posts