ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР МИЛОШЕВ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКАТА НЕДЕЛА ЗА РАЦИОНАЛНА УПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ

Државниот секретар Владимир Милошев денеска се обрати на Одбележувањето на Светската недела за рационална употреба на антибиотици, за подигнување на свеста за рационална употреба на антибиотиците и заложување за унапредување на здравјето на луѓето, животните и на животната средина во духот на меѓународниот пристап – Едно здравје. Во своето обраќање тој истакна:

„Состојбата со антимикробната резистенција на глобално ниво е толку  загрижувачка што Генералното собрание на Обединети нации ја вклучи како приоритетно здравствено прашање заедно со еболата, незаразните болести и ХИВ. Имајќи предвид дека резистентните микроорганизми не знаат за граници,  дека здравјето на луѓето, животните и на животната средина се една неразделна целина, сериозноста на овој јавно-здравствен проблем станува сè поголема и неопходен е заеднички пристап со цел да го задржиме ефектот на антибиотиците. Токму како што гласи мотото на оваа светска недела „Едно здравје”.

Изготвиме втора Национална стратегија со акциски план за контрола на антимикробната резистенција во земјава 2017-2021, која наскоро ќе биде усвоена од Владата, и е заснована токму на принципот за ЕДНО ЗДРАВЈЕ. Водиме сметка за меѓусебната поврзаност и употребата на антибиотици кај луѓето и животните, вклучувајќи го и синџирот на исхрана.

Сакам да истакнам дека Република Македонија е вклучена во меѓународните заложби за пристап „Едно здравje”. Токму затоа, денес, сите заедно споделуваме  искуствата од двата сектора, кои се грижат за здравјето на луѓето и животните како и насоките за идни активности.

Целта на денешниот настан е, секој од нас да ја покаже својата посветеност и да го прифати пристапот – Едно здравje, како единствен можен начин да се постигне вистински напредок во нашата земја, регионот и во светот.

Да бидеме – Еден глас за Едно здравје“.

Share This Article :

Related Posts