Државниот секретар во Министерството за здравство Владимир Милошев, вчера оствари средба со делегација на Народна Република Кина, преставници на провинцијата Сичуан предводена од г-н Ванг Зенгронг-професор на Сичуан Универзитетот, Јанг Ксиао Јинг-заменик генерален директор за прекуокеанска меѓународна соработка, Јуан Бинг-заменик градоначалник на провинцијата, Тиан Ксиџун-преставник на Академијата за традиционална кинеска медицина на Сичуан провинцијата.
На средбата беше истакната досегашната плодна соработка со Кина во областа на здравството, особено на полето на традиционалната кинеска медицина и беа разгледувани областите и потребите на идната соработка помеѓу двете пријателски земји, Република Северна Македонија и Народна Република Кина.