Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, денеска ги посети Општата болница и Здравствениот дом во Кичево, при што одржа состанок со директорите и стручниот колегиум на двете установи.
Целта на посетата е согледување на актуелните состојби и потреби на установите во насока на унапредување на условите за персоналот и пациентите.
На самиот состанок беше потенциран бенефитот од фузионирање на болницата и здравствениот дом во Кичево, кој ќе придонесе за подобра здравствена заштита, како и финансиски заштеди во установите.
Исто така, на средбата стана збор за повеќе мерки на Министерството за здравство кои се фокусирани на унапредување на здравствената заштита на ниво на целата држава, а стана збор и за измените на Законот за здравствена заштита кои се во процедура.