ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ВАЛАНДОВО

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев оствари работна посета на Валандово, во рамки на која се сретна со стручниот колегиум на Здравствен дом Валандово, како и со градоначалникот и пратеничка од Валандово. 
Со стручниот колегиум на Здравствениот дом се разговараше за функционирањето на оваа јавна здравствена установа, со посебен фокус на потребите и проблемите со кои се соочуваат.

На средбата, д-р Милошев потенцираше дека Министерството ќе вложи максимални напори за обезбедување квалитетна здравствена заштита на граѓаните од Валандово и околината.

 

 

Share This Article :

Related Posts