ДСЗИ: Информација за извршен инспекциски надзор за акутно труење со храна во „Леар“, Тетово

DSZI fotoИнформација од Државен санитарен и здравствен инспекторат за преземени мерки и активности за акутно труење со храна во „Леар“, Тетово
Државниот санитарен и здравствен инспекторат од страна на епидемиолошката служба на ЦЈЗ Тетово, како и од Секторот за болничка здравствена заштита при Министерството за здравство е известен за сомневање за акутно труење со храна на околу 100 вработени лица во фабрика Леар (за произвоство на опрема за возила). За таа цел, екипа од ДСЗИ, ЈЗУ ИЈЗ на РМ, ЈЗУ ЦЈЗ Тетово, АХВ Тетово, Јавен обвинител и претставници од МВР, првично извршија увид во просториите на Леар, во делот каде се врши дистрибуција, делење и послужување на храна, при што од страна на ДСЗИ беше констатирана следна состојба:
По изјава на вработено лице од Леар, за просторот каде се врши дистрибуција и делење на храна односно за одржување на санитарно-хигиенската состојба одговорна е фирмата добавувач на храна ДПТУУ Бакал Бакеро ДООЕЛ од Брвеница, додека за просторот за  послужување храна, за санитарно-хигиенската состојба е одговорен Секуриком.
Во просторот каде се врши дистрибуција и делење храна, санитарно-хигиенската состојба не е на задоволително ниво. Ѕидните површини околу мијалникот се нечисти и истите не се погодни за одржување хигиена, чиниите во кои се послужува храната се чуваат на отворено покриени со стари платнени чаршави, работните површини нечисти и несоодветни (покриени со најлон), на решеткастата полица за чување големи садови се чуваат непотребни предмети, кутии, кеси за отпад, крпи и др, непосредно до мијалникот се чува дотраен прибор за одржување на хигиената. Садовите се мијат рачно од страна на вработени лица во Бакал, но недостига средство за дезинфекција. Во овој простор не е извршена превентивна дезинфекција од страна на овластена здравствена установа.
При инспекцискиот надзор од страна на екипата на ЈЗУ ЦЈЗ Тетово, во соработка со ИЈЗ на РМ и ДСЗИ се земени брисеви од работни површини и прибор и тоа: помошна работна маса, мијалник, чинија, голема лажица за делење храна, апарат за пиење  вода (по изјава на присутните од Леар за чија хигиена се одговорни од Секуриком), решеткаста полица, брис од внатрешност на корито за чување на храна, брис од надворешност на корито за чување храна , брис од пулт за храна (по изјава на присутните на Бакал, коритата од топлиот стол не се користат, храната директно се сервира од термосите), брис од послужавник и брис од врата на топол стол.
При инспекцискиот надзор, од страна на присутните лица од Леар, беа повикани вработени на Секуриком и веднаш  почнаа со механичко чистење на делот за послужување, а беше најавена и екипа од ЈЗУ ЦЈЗ Тетово да спроведе дезинфекција на просторот и опремата (маси, столици и др.)
Истовремено при надзорот, просторот наменет за дистрибуција и делење храна со кој стопанисува Бакал Бакеро, беше физички одделен од делот за послужување и истиот записнички и со лента забранет за употреба се до добивање негативни резултати од микробиолошките испитувања.
Од извршениот инспекциски надзор во ДПТУУ Бакал Бакеро ДООЕЛ од Брвеница, во присутво на претходно наведената екипа е констатирана следната фактичка состојба:
Кујната каде се врши подготовка на храната наменета за Леар Тетово е сместена во објект во кругот на угостителски објект во сопственост на Бакал Бакеро, истата е поврзана на сопствен водоснабдителен објект и септичка јама. Санитарно- хигиенските услови во неа се на задоволително ниво но санитарно-технички не се обезбедени глатки ѕидови погодни за одржување на хигиена. Во објектот има средства за одржување хигиена, вклучувајќи и средства за дезинфекција, но не е извршена дезинфекција од овластена установа. Обезбедено е транспортно возило за храна, но и за него нема документ  за извршена дезинфекција од овластена установа.
По изјава на присутното лице при надзорот, во подготовка на храна за потребите на Леар Тетово, ангажирани се двајца готвачи, транспотер и делач на храна и тројца сервирачи на храна. За сите овие лица не беа дадени на увид санитарните книшки, приложена е потврда од ЈЗУ ЦЈЗ Тетово бр. 1070-1082 од 31.03.2017 кога се јавиле на здравствено-хигиенски преглед.
Во текот на надзорот, од страна на присутното лице е добиен податок дека на 30.03.2017 година , за потребите на Леар подготвени се околу 1000 оброци, во три наврати од истите продукти, од кои околу 900 дистрибуирани во Леар, а околу 100 оброци биле дадени на нивни  вработени во пекарата, ресторанот како и на 15 работници ангажирани за средување на дворот на ресторанот истиот ден. По добиен податок дека од подготвената храна која се давала во Леар има вратено во овој објект, при надзорот се земени пет примероци за микробиолошко испитување и тоа: сос болоњезе-подготвен во кујната, макарони, кроасани и леб од сопствена пекара и јогурт 0,2 дл.
Истовремено се земени и брисеви од нежива средина: брис од обрач под капакот на термос за дистрибуција на храна и брис од внатрешноста на термосот, брис од нож, од садопер, од ростфрај работна маса до дрвен стол за обработка на месо, брис од дрвен стол за месо, брис од машина за мелење  месо, брис од работна маса под машината за мелење месо и брис од работна маса до машината за мелење  месо како и еден брис од подот на комбето за транспорт на храна.
    Врз основа на констатираната фактичка состојба, а со цел спречување на евентуално ширење на алиментарна токсоинфекција,  од страна на ДСЗИ, објектот записнички и со службена лента „Затворено од државен санитарен и здравствен инспекторат“ со службен печат, дата и потписи, е забранет за употреба се до добивање на негативни резултати од микробиолошките испитувања.
Исто така, во текот на вчерашниот ден(03.04.2017год) ДЗСИ изврши инспекциски надзор во просториите на ЈЗУ ЦЈЗ Тетово со цел проверка на извршените здравстено-хигиенски прегледи за лицата ангажирани од страна на Бакал Бакеро во подготовка на храната за овие вработени, при што констатираше дека за четири лица од вработените здравствено-хигиенските прегледи биле валидни до 11.02.2017 година, две лица немаат воопшто предходно извршени вакви прегледи, а за сите шест лица направени се здравствено-хигиенски прегледи по појавата на сомнение за актното труење со храна.
При инспркцискиот надзор, од страна на епидемиолошката служба при ЈЗУ ЦЈЗ Тетово беа доствени и резултатите од микробиолошките анализи од земените брисеви од вработените шест лица ангажирани во подготовка на храна при што е костататирано дека кај две лица од нос е изолиран стафилококус ауреус.
Во однос на земените брисеви од нежива средина, од добиените резултати при надзорот, констатирано е дека од деветте земени бриса од опрема и работни површини во просториите на кујната во сопственост на Бакал Бакеро, шест се негативни, од два е изолиран стафилококус епидермидис, додека од еден е изолиран стафилококус ауреус.
Од земените единаесет брисеви од нежива средина во просторот наменет за диструбуција и делење на храна во фабрика Леар Тетово, во кој за хиигиената е одговорна фирмата добавувач на храна,  согласно дадените резултати од микробиолошките анализи, од седум е изолиран стафилококус ауреус, а четири бриса се стерилни.
Согласно  стручното мислење на ЈЗУ ЦЈЗ Тетово, брзиот развој на клиничката слика кај заболените лица, 2 часа после конзумирањето на оброкот, самата клиничка слика и пронајдената патогена флора од жива и нежива средина, сомнението за акутно труење со храна оди во прилог на стафилококно труење.
Во врска со горе изнесеното, од страна на ДСЗИ ќе бидат поведени прекршочни постапки за неизвршена превентивна ДДД во објектите и просториите каде се подготвува и служи храна како и за необезбедени здравствено-хигиенски прегледи за лица кои доаѓаат во контакт во производство и промет со храна.
Во врска со микробилошки неисправната мостра од храна од која исто така е изолиран стафилококус ауреус, ке бидат преземени мерки од страна на надлежна инститција Агенција за храна и ветеринарство.
Објкетот кој се кориси за поготовка на храна како и  просторот каде се дистрибуира и дели храната и натаму се забранети за употреба се додека не се спроведе темелно механичко чистење, дезинфекција, дезинсекција и дератизација од овластена здравствена установа, добивање на негативни резултати од контролни брисеви и обезбедување на вработени со валидни санитарни книшки, по што од страна на ДСЗИ записнички и со симнување на службената лента „Затворено од санитарна и здравствена инспекција“  ке биде отворен.
Од страна на ЈЗУ Институт за јавно здравје на РМ и надлежниот ЈЗУ ЦЈЗ Тетово, по спроведената анализа на резултатите од микробилошките испитувања и спроведеното епидемилошко анкетирање на вработените во Леар Тетово (од втора и трета смена) ќе биде изготвена информација со стручно мислење во всрка со актуелната состојба, по што од страна на ДСЗИ до Основно јавно обвинителство Тетово, ќе биде поднесена пријава за покренување кривична постапка.
Share This Article :

Related Posts