Една третина од новите апарати наменети за кампусот клиники „Мајка Тереза“

oprema-slika1За кампусот клиники „Мајка Тереза“ ќе бидат набавени 936 апарати во вредност од 11,5 милиони евра. Значи една третина од целата набавка на медицинска опрема ќе биде за кампусот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, како дел од проектот за набавка на 3.700 медицински апарати во вредност од 33 милиони евра за над 100 јавни здравствени установи во државата.

– Ова е одлична вест за сите здравствени работници, за сите пациенти, за сите граѓани, затоа што на овој начин сериозно ќе се обнови опремата која ја има во здравството во Македонија, но и ќе се набави опрема што досега ја немало. Тоа го покажува и фокусот на Министерството за здравство, но и реалните потреби, затоа што тука е врвната медицина и се слеваат огромен број особено тешки пациенти кои имаат потреба да бидат третирани на најсовремена медицинска опрема.

Share This Article :

Related Posts

Остави коментар