Објавено на април 27, 2017

Европска недела на имунизација „Заштити, спречи, вакцинирај!“

Foto vakcinacija-800x454Под мотото „Заштити, спречи, вакцинирај!“ во Македонија се одбележа Европската недела на имунизација, во организација на Министерството за здравство, во соработка со Канцеларијата на Светската здравствена организација во Македонија и Здравствениот дом-Скопје. Evr nedela imunizac FOTO2

Со набавка на вакцини со подобар квалитет се направи позитивен исчекор на имунизацијата на Република Македонија, вакцините се безбедни, ризикот од несакани последици е многу мал . Нашата земја е една од земјите највисок опфат на имунизација и не треба да дозволиме тоа да се смени, рече министерот за здравство Никола Тодоров , на одбележувањето на Европската недела за имунизација. Evr nedela imunizac FOTO1

Инаку од воведувањето на поливалентните вакцини во земјава, искористени се 80 илјади од 5-то и исто толкава количина од 6-то валентните вакцини. Со нив се намали бројот на боцкања во текот на првата година на детето. А во исто време се намалија и несаканите ефекти во споредба со обичните вакцини.