ФИЛИПЧЕ: АКО ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СЛИКА Е СТАБИЛНА, ВО НОЕМВРИ ЌЕ СЕ ДОЗВОЛИ УШТЕ НЕКОЈА ГРУПА ОД ДЕЦАТА ДА БИДЕ СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ВО УЧИЛИШТАТА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во емисијата „Патот кон…/Rruga drejt…“ на Алсат М телевизија истакна дека ако епидемиолошката слика е добра и стабилна, на почетокот на месец ноември ќе се даде дозвола уште некоја група од децата да оди со физичко присуство во училиштата.

  • Од 1 октомври, со физичко присуство би можеле да одат и други одделенија само во ситуација кога вкупниот број на деца во одделенијата или бројот на класови во училиштето е толку мал да сметаат епидемиолозите дека е ризикот мал, односно ист или помал, на тоа да во големо училиште се спореди со децата во коишто физички биле присутни од прво до трето одделение. Да дообјаснам, имаме регионално училишта во кое учениците се заедно во едно одделение од прво со петто, од 10 до 15 или 7 деца. Ги анализиравме училиштата на тие ќе им дозволиме, но ако веќе има една одредена бројка на деца, 20тина од прво до трето одделение нема да се дозволи на останатите одделенија, заради тоа што со тоа ризикот се мултиплицира. Еден е ризикот да бидат стотина деца од прво до трето одделение со физичко присуство во училиштата, ама повеќе од двојно ќе биде ризикот да уште толку деца да ставиме од четврто, петто и шесто одделение на почетокот на октомври, бидејќи тие се во контакт со истите наставници. На пример, ако е некоја наставничка позитивна и дојде во контакт со голем број на деца тие се сите во ризик. Затоа одиме дел по дел. – потенцираше министерот Филипче.

Тој истакна дека секоја од мерките се носени и препорачани за да се почитуваат. Граѓаните мора да бидат свесни дека така го штитат и сопственото здравје и здравјето на своите најблиски.

  • Препораките за постепен влез во есенските месеци, за постепено пуштање во функција на градинките, училиштата, рестрикцијата на бројот на ученици во училиштата е токму поради тоа. Не сакаме огромен број на ризик фактори да се сконцентрираат во еден временски период. Сметаме дека во месец септември луѓето се веќе на работните места и повеќе се во затворено, повторувам дека за секој од овие економски оператори, компании, администрација има препораки како се носат маски, како се седи на дистанца итн. Секогаш уште на почетокот препораката кој може да работи од дома он лајн тоа да го прави и тоа важи насекаде во светот“, рече Филипче.

Во емисијата, Филипче посочи дека не може да се запре со животот. Ниту една земја не може да запре со животот.

„Ние може само да видиме и да пратиме искуства што се случува во други земји, во светот во коишто мерките не се почитуваат. Случај е сега Израел. После наглото отворање на училишта, градинки, тие се принудени да воведат карантин. Повеќенеделен, во временски период од три недели. Ние имаме протоколи и начин на функционирање на апсолутно сите економски оператори. Тоа е теркот по којшто ќе се живее. Не може да ставаме рестрикции коишто може да дадат некакви лоши ефекти и средно и долгорочно, кои после ќе се одразат и на здравјето на граѓаните. Едноставно се смени животот насекаде. Граѓаните да бидат свесни дека треба да се почитуваат мерките“, потенцираше Филипче.

Сподели на:

Related Posts