ФИЛИПЧЕ: ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ СЕ ПАНДАН НА УРЕДБАТА ЗА СМЕСТУВАЊЕ ПАЦИЕНТИ ВО ПРИВАТНИ БОЛНИСИ АКО ЗА ТОА СЕ ИЗНУДИ ПОТРЕБА

Во вчерашното гостување во дебатната емисија „Топ Тема“ на телевизија Телма, министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче истакна дека измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои се однесуваат на приватните болници се пандан на Уредбата со законска сила којашто важи до 31.12.2020, и истата мора да се продолжи.
-Во вонредната состојба донесовме една Уредба за да кажеме дека тогаш кога ние ќе процениме дека капацитетите ни се преоптоварени, а тогаш немавме доволно или имавме малку во однос на сега респираторни машини, дека ќе ги користиме и ресурсите на приватните болници ако затреба. Тогаш си оставивме простор да ги искористиме ресурсите на приватните болници, кога нашите капацитети ќе ги исполниме. Ние ги менаџираме јавните болници и капацитети. Сега за сега имаме места, но ако се соочиме со тоа нашите јавни здравствени установи да бидат преоптоварени и нема место каде да се сместат пациентите, ќе ги сместиме во приватните болници за коишто Фондот ќе плати, рече Филипче и додаде дека искрено верува дека тоа нема да се случи.
Филипче потенцираше дека добро се менаџираат капацитетите и има доволно респираторни машини. Тој најави дека во земјава во петок стигнуваат 60 респираторни машини, значајна помош од НАТО, која ќе биде распределена во сите болници во државата.

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021