МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: НОВ АПАРАТ ЗА КОМПЈУТЕРИЗИРАНА ТОМОГРАФИЈА НА ИНСТИТУТОТ ЗА РАДИОЛОГИЈА

Институтот за радиологија набави нов апарат за компјутеризирана томографија, модел SIEMENS Somatom Go.Up, 64 слајсен. Овој апарат е набавен кон крајот на 2019 година и e пуштен во употреба.  Со новиот апарат ќе се скрати времетраењето на прегледот, а подобрата резолуција на добиените резултати ќе придонесе за побрза и подетална детекција на најситните промени. Апаратот за компјутеризирана томографија работи во две смени, со редовно закажани пациенти преку програмата „Мој Термин“. 

„Инвестираме во човечкиот капитал, набавка на нови лекови, како и нова медицинска опрема за да им овозможиме подобри услови за работа на медицинскиот персонал и квалитетна здравствена заштита на нашите пациенти. Набавената современа опрема е само дополнување на посветената работата на врвните радиолози од Институтот за радиологија. На овој начин водиме максимална грижа за подобро здравје на пациентите. Во моментов на Институтот се во функција 4 апарати за Компјутеризирана томографија, со што значително е подобрено функционирањето во оваа јавно-здравствена установа“, потенцираше министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче.

Апаратот за КТ е набавен со сопствени средства и неговата вредност изнесува 10 милиони денари со ДДВ.

Сподели на:

Related Posts