ГРИПОТ СЕ УШТЕ СО НИСКА АКТИВНОСТ

Комисијата за заразни болести, во рамки на Министерството за здравство, констатира дека грипот сѐ уште е со ниска активност. Во моментов се регистрирани 1.739 случаи на заболени од грип и се очекува зголемување на активноста во следниот перод.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат испрати решенија до сите средни и основни училишта за преземање мерки за темелно чистење и за дезинфекција на училишните простории, обезбедување средства за лична хигиена (течен сапун), како и редовно следење на отсутноста на децата од настава.

Пријавени се два нови случаи на морбили од страна на Институтот за јавно здравје. Станува збор за дете на 6 месечна возраст, кое заради возраста сѐ уште не е вакцинирано (не подлежи на вакцинација) и е во добра општа состојба. Вториот случај е маж на 40 годишна возраст (вакциниран со една доза на вакцина), кој бил само амбулантски прегледан и пуштен на домашно лекување. За двата случаи не постои податок за епидемиолошка поврзаност, како и податок за контакт со заболен од морбили.
Исто така, се спроведени епидемиолошки иследувања на најблиските и контактите за евентуалната потреба од вакцинација со МРП вакцината.

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021