Информации за граѓаните

При прегледот кај избран лекар (општ, гинеколог или стоматолог), пациентот, доколку за тоа има потреба, преку системот Мој Термин,  со користење на Е – упат може да биде упатен на преглед кај лекар од повисоко ниво на здравствена заштита. Со тоа всушност,  прегледите се закажуваат електронски, во точно определен термин, кај точно определен лекар.

Матичниот лекар е должен да го закаже прегледот електронски и да го информира пациентот за следното:

  • за деталите од закажувањето: кај кој лекар, во која установа, во кој термин (ден и час) е закажан прегледот
  • за потребата од придржувањето кон закажаниот термин
  • за Упатствата за подготовка кај одредени дијагностички процедури

При прегледот кај лекар специјалист или субспецијалист, извештајот за прегледот се запишува во Мој Термин, како извештај за пристигнатиот Е-упат. Доколку има потреба, пациентот може да биде упатен кон друг специјалист или субспецијалист со Е-упат. Кај специјалистот или субспецијалистот пациентот треба да биде информиран за деталите за закажаниот преглед.

Пациентот е должен да се придржува кон следното:

  • навремено да пристигне во установата каде му е закажан прегледот
  • доколку се јави потреба од откажување на веќе закажан термин, задолжително и навремено треба да се обрати кај лекарот кој го закажал прегледот, за истиот да биде откажан, односно терминот да биде ослободен за друг пациент
  • доколку има потреба од откажување на веќе закажан термин, треба да се обрати кај матичниот лекар за тој да го откаже прегледот. Ова треба да се практикува само во исклучителни случаи, односно само кога има неопходна потреба за откажување.