Информација од ДСЗИ во врска со вонреден инспекциски надзор за претепаното 14-месечно бебе

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова во врска со случајот со претепаното бебе информира дека ДСЗИ има постапено во рамки на нивните надлежности односно извршиле вонреден инспекциски надзор кај матичниот лекар на претепаното 14-месечно бебе и во вакциналниот пункт во Здравствениот дом „Јане Сандански“.

Посочи дека констатирале дека детето пет пати било носено на преглед кај матичен лекар изминатите неколку месеци од кои последниот пат на 4 април, а претходно во февруари. Сите посети, се во однос на горно респираторна инфекција, дадена е потребна терапија и детето не е однесено на контролен преглед.

Исто така, извршен е инспекциски надзор во вакциналниот пункт во Здравствениот дом „Јане Сандански“ каде е лоцирана и матичната докторка на детето. Од евиденцијата во здравствениот пункт констатирано е дека дете со такви генералии не се наоѓа во нивната архива, односно не е воопшто вакцинирано,.

Во врска со тоа дали детето е однесено на лекар со симптом од паѓање или модрици по телото и по главата – податок во здравствениот картон не е евидентиран.

Сподели на:

Related Posts