ИНСТИТУТОТ ЗА ФИЗИКАЛНА МЕДИЦИНА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА СО СОВЕТИ ЗА РЕСПИРАТОРНА ГИМНАСТИКА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА СО КОВИД-19

Институт за физикална медицина и рехабилитација – Скопје изработи прирачник со корисни совети за респираторна гимнастика во време на пандемија со КОВИД-19.

Нарушувањето на функциите на дишењето при заболување на респираторниот систем кај пациенти со Covid-19 се поврзува со промени кои настануваат во механиката на дишењето кај пациентите. Може да дојде до намалена подвижност на дијафрагмата и градниот кош, намалување на контрактилните способности на мускулатурата за дишење, како и намалена движечка активност на болните. Тоа доведува до нарушување на белодробната вентилација и размената на гасови. Токму затоа со респираторна гимнастика може да се постигне подобрување на секоја од наброените состојби.

Со примена на вежбите за дишење би можело да се надминат респираторните проблеми кај повозрасната популација, но и да се заштитат пациентите од евентуални компликации на Covid-19.

Респираторната гимнастика е важна алка во време на пандемија со Covid-19 на која треба да и се посвети големо внимание. Овој тип на вежби можат да бидат прилагодени за различни групи на возрасна популација зависно од нивните коморбидитети.

Целта на респираторната гимнастика има за цел да се активира мускулатурата и да се зајакнат дишните мускули, да се зголеми подвижноста на градниот кош, да се подобри проодноста на дишните патишта и да се продлабочи дишењето, стимулира циркулацијата на крвта и да се урамнотежи работата на кардиоваскуларниот и респираторниот систем и да се спречи хипотрофија на мускулите и слабеење на целиот организам.

Придобивки од респираторна гимнастика се подобрување и нормализирање на респираторната функција, воспоставување на рамнотежа меѓу дишењето и циркулацијата на крвта, подобра заситеност на организмот со крв и отстранување на јаглерод диоксидот, обновување на здравјето и работната способност на луѓето.

Во овој прирачник можете да ги најдете сите корисни совети со вежби, препораки при изведување на вежбите за дишење, како и совети зошто е потребно да внимаваме при изведувањето на респираторната гимнастика.

Сподели на:

Related Posts