ИНТЕРСЕКТОРСКИ ПРИСТАП ВО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска присуствуваа на настан посветен на Истанбулската конвенција за превенција и борба против семејното и насилството врз жената, која Македонија ја ратификуваше на 22 декември 2017-та година.
Министерот Филипче во своето обраќање истакна дека минатата година во соработка со Катедрата по семејна медицина, обучени се вкупно 60 здравствени работници за справување со ваков тип насилство, а предвидено е овие обуки да продолжат и годинава во соработка со граѓанската организација Х.Е.Р.А., како и со фондот за население на Обединетите Нации, УНФПА.
Исто така, Министерството за здравство, во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА), интензивно работи на воспоставување на три центри за упатување на жртвите на сексуално насилство согласно Истанбулската конвенција, кои ќе се отворат во рамки на Универзитетската клиника за гинекологија во Скопје, како и во болниците во Тетово и во Куманово. Во овие центри предвидено е здравствените работници да даваат услуги по стандардизирани оперативни процедури, со кои ќе се превенираат живото-загрозувачките последици од ваков тип насилство, а воедно ќе се овозможи спасување човечки животи.

Share This Article :

Related Posts