ИНТЕРСЕКТОРСКИ ПРИСТАП ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЛЕКУВАЊЕ ЛИЦА СО ЗАВИСНОСТ

  • Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Луиза Винтон го посетија здружението на граѓани за советување и лекување, реинтеграција и ресоцијализација на лица зависници од психотропни супстанци „Избор Струмица“.

Здружението работи и на развивање социјално претприемништво и социјална инклузија, за што е пример социјалното претпријатие „Покров“. Во него се отвораат одржливи работни места за лицата кои ќе го завршат процесот на рехабилитација во тераписката заедница „Покров“, за кој министерката Царовска изјави дека е совршен пример како преку развој на социјална услуга може да се придонесе и кон развој на економијата во една локална самоуправа. 

Министерот Филипче ја истакна важноста на интерсекторскиот пристап затоа што Министерство за здравство работи на подобрување на квалитетот на лекување на зависниците, а МТСП на нивната ресоцијализација.

„Ова е одличен пример како може успешно да функционира невладиниот сектор со други партнери, а посебно при воведување на иновативни приоди како органското производство, со вклучување на ранливите категории“, истакна постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН, Винтон.

„Со новиот Оперативен план за 2018-та година е предвидена мерка „Субвенционирање на платите“, каде што даваме 19 илјади денари за вработување ранливи или тешко вработливи групи на граѓани. За 12 месеци работодавачите може да добијат 228 илјади денари и се очекува со оваа мерка да се опфатат над 520 лица“, истакна министерката Царовска.

Share This Article :

Related Posts