ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА СЕ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА

Министерството за здравство информира дека измените на Законот за здравствена заштита за преземање во јавно здравство, на медицинските сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, заради затворање на ПЗУ и во меѓувреме останале без работа, се во собраниска процедура.

Во измените на Законот e внесена oдредба согласно која медицинските сестри, кои ќе останат без работа може да бидат преземeни во јавни здравствени установи.Овие законски измени, кои сега се уште се во собраниска процедура, пред две недели се усвоени од Владата. Таа ги усвои измените на Законот за здравствена заштита,со можност за преземање здравствени работници со високо образование, стоматолози и фармацевти од приватните во јавните здравствени установи без распишување оглас. На овој начин ќе се пополнат празните работни места на здравствените работници, со пократки процедури.

Share This Article :

Related Posts