ИЗРАЕЛСКАТА АМБАСАДА СО ДОНАЦИЈА НА АПАРАТИ ЗА КРИТИЧНИ НОВОРОДЕНЧИЊА ЗА ДЕТСКАТА КЛИНИКА

На Kлиниката за детски болeсти беше предадена донација од амбасадата на Израел на иницијатива на амбасадорот Ден Ориан.

Донацијата се состои од перфузори (инфузиони пумпи) за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање вени кај критични новороденчиња. Со венвјуер апаратите првпат ќе се врши одредување пневмоторакс, односно зголемен воздушен притисок во бели дробови кај бебиња.

Овие апарти ќе се монтираат во амбуланти возила за транспорт на критично болни деца, кои во државата треба да стигнат до крајот на 2021 година.

Денешната донација е дел од Перимак проектот на Хоуп проектот во РСМ, кој има за цел да го организира неонаталниот транспорт во државата и да ја редуцира перинаталната смртност. Овој проект е имплементиран со поддршка од Министерството за здравство, кој почна во 2017 година.

На предавањето на донацијата присуствуваа министерот за здравство д-р Венко Филипче, директорката на клиниката, д-р Аспазија Софијанова, регионалниот дирекор на ХОУП, Влатко Ужевски и проект менаџерот, Емилија Дуковска.

Перимак проектот е имплементиран со поддршка од МЗ, почна во 2017 година и треба да заврши во декември 2022 година.

Сподели на:

Related Posts