ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 28.12, 2020 ДО 3.1, 2021 – СЕ ЗАДРЖУВА ТРЕНДОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА НОВОЗАБОЛЕНИ И ПОЧИНАТИ, ПАД НА ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021, се тестирани вкупно 10.778 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 2.329 нови позитивни случаи од 33 града во државата со намалување од 30,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.086; 46,6%), со неделна инциденца – 175,8/100.000. Во периодот на известување процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 21.6% намалување од 4.1%  во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=688, 29,5%). Голем број заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50 до 59 години (n=440; 18,9%), од 40 до 49 (n=404; 17,3%), 30-39 (n=392; 16,8%) и од 20 до 29 (n=263; 11,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 (n=38; 1,6%) и од 10 до 19 години (n=104; 4,5%).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 3.884 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 93 смртни случаи од 22 града, со намалување од 27,9% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 77 лицa биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50 до 59 години, 4 лица на возраст од 40 до 49 години и еден смртен случај е пријавен од возрасната група од 30 до 39 години.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 г, како и кумулативната состојба со КОВИД-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Сподели на:

Related Posts