ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД АГЕНЦИЈА ЗА ЛЕКОВИ – ВРЕМЕНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЛЕК

Министерството за здравство доби известување од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства со кое укажуваат на донесена одука за времено стопирање на употребата на лекот Medaxone (ceftriaxone) 2 g прашок за раствор за инјектирање или инфузија на производителот Medochemie Ltd – Кипар, заради појава на сериозни несакани реакции.

Од Ваша страна потребно е целокупната количина на лекот со која располага Вашата установа да ја ставите во карантин.

Препорачаната мерка карантин ќе остане во сила се до добивање на дополнителни препораки од страна на Агенцијата за  лекови и медицински средства. 

Сподели на:

Related Posts