ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕНО ПРЕМЕСТЕНИ ПРОСТОРИИ НА ЈЗУ УК ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА

Ве известуваме дека поради превземање градежни активности за обновување на постоечките простории, амбулантите и шалтерот на ЈЗУ УК за хематологија времено ќе бидат преместени.

Од 1 август 2018, амбулантите и шалтерот на Клиниката за хематологија ќе работат во амбулантскиот дел на Клиниката за дерматовенерологија во рамките на Интерната зграда, поточно на поранешниот “Машки оддел“.

Сите контакти, телефонски броеви и електронски адреси остануваат непроменети.

По завршувањето на градежните работи навремено ќе известиме за повторното ставање на употреба на постојните просторни капацитети.

Со почит,

ЈЗУ Универзитетстка клиника за хематологија

Сподели на:

Related Posts