Обуки за матичните лекари

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ (Дополнето)

ПРОМЕНА НА РАСПОРЕДОТ ЗА ЕДУКАЦИИТЕ ЗА КЛИНИЧКИ УПАТСТВА

 Проектот продолжува, Во меѓувреме ќе бидете известени за нов распоред и нов начин на реализација на започнатиот проект.

Почитувани,

Со овој допис, од име на Министерството за здравство би сакале да истакнеме дека минатиот викенд се одржа првата од серијата бесплатни обуки во организација на Министерството за Упатствата за практицирање на Медицина базирана на докази.

Оваа обука ја гледаме како почеток на една конструктивна соработка помеѓу провајдерите на здравствена услуга на примарно ниво и Министерството, која со тек на време ќе прерасне во редовна пракса и нераздвојна компонетна во континуираното професионално остручување на избраните лекари, без притоа да се опроватува вашиот буџет со котизации и други непотребни трошоци. Би сакале да ве потсетиме дека овие работилници ќе бидат соодветно акредитирани, истите ќе ви послужат во постапките за ре-лиценцирање при Лекарската Комора на Македонија. In ultima linea бенефит од овие работилници ќе имаат и избраните лекари од една страна, кои ќе имаат во рака моќна алатка за секјдневнто работење, како и пациентите кои ќе добијат подобра здравствена заштита.

Со оглед на фактот дека партнерството е основната презумпција за успехот во ваквиот тип на проекти, а и дека овие работилници треба да се ваш форум на активна дискусија, на кој што треба да се асполвира релативно обемен квантум на информации и податоци, Министерството за здравство, а со цел да излезе во пресрет на вашите барања, но и задоволување на потребите на здравствениот систем и пациентите, соодветно го преработи каледнарот за задолжителните и бесплатни обуки. Начелно се предвидува овие обуки да се одржуват на квартално ниво, при што за терминот и материјалите благовремено ќе бидете известени.

Ви посакуваме успешна работа и активна и лесна примена на Упатствата во вашата секојдневна пракса.

  1. Материјали за подготовка
  2. Со цел постојано да бидете информирани за новостите во примарното здравство, но и за следната обука, внесете ја вашата електронска пошта и вашите основни податоци на овој ЛИНК
  3. Доколку имате нејаснотии или прашање, поставете го на оваа форма

 

Образложение

Во рамки на напорите на Министерството за Здравство на Република Македонија за унапредување на достапноста на здравствената заштита низ Републиката, како и унапредување и воедначување на нивото на услуга во примарната заштита, Министерството за здравство ве известува дека започнува со организирани обуки за практицирање на медицина базирана на докази, како и користење на Упатставата за истите.

Упатствата за практицирање на медицина базирана на докази се една од најсериозните алатки во современите здравствени системи и се правно обврзувачки како такви, објавени во „Службен Весник на Република Македонија„ согласно одредбите на Законот за здравствена заштита. Општо прифатен факт е дека со користењето на овие Упатства се штитат здравствените работници, аргуменирано се намалува притисокот за исполнувањето на желбите на поединците кои не се во согласност со научните докази и се намалува можноста за лекарска грешка од една страна, а пациентите добиваат повисоко ниво на здравствена услуга и се зголемува нивното задоволство од друга страна. Упатствата предвидуваат можност докторот да отстапи од нив ако оцени дека за тоа постои медицинска индикација, за што треба да состави медицинска белешка кој што останува како дел од медицинската евиденција.

Токму заради тоа, Министерството за Здравство започнува со организирање на бесплатни обуки низ целата Република. Обуките ќе се одржуваат во текот на викендите. Сите Избрани лекари се регионално поделени по местот на работење, со цел одењето на обука да не биде проблем. Обуките ќе бидат фокусирани на начинот на примената на упатствата во вашата секојдневна работа воопшто, но и конкретно ќе се рагледуваат и пооделни упатства за состојби кои се најфрекфентни во Република Македонија. Обуките ќе Ви помогнат самостојно во иднина да ги користите сите Упатства за кои ќе имате потреба во вашата пракса.

Пред да дојдете на обуките, срдечно ви препорачуваме да се запознаете со Упатствата кои се предмет на обработка на истата. Сите упатства кои ќе се обработуваат се објавени на веб страната на Министерството за здрвство на линкот означен како “Проект 100 упатства

Присуството на обуките е задолжително. Секоја обука ќе биде проследена со тест за утврдување на здобиените знаења, евиденција за присутност.

Информција за тоа кога ќе биде следната обука благовремено ќе ви биде дадена по електронска пошта. Обуките ќе бидат акредитирани од страна на ЛКМ за да можете да ги користите при обновувањето на Вашите лиценци за работа. Обуките ќе ги реализираат специјалисти вработени во Универзитетските клиники во Скопје.

Почитувани, овие обуки се од заедники интерес и на Министерството и на избраните лекари, како и на целиот здравствен систем. Во таа смисла Ве охрабруваме овие обуки да ги перцепирате како ваш стручен форум за отворена дискусија и размена на мислења со цел обуките да бидат што по интерактивни и покорисни за вас како слушатели, а не само предавања екс-катедра. Убедени сме дека на овој начин ќе се постигне целта на овој проект.

Министерството за здравство Ви посакува успешна работа во текот на обуките и се надева на понатамошна успешна соработка.

Со почит,

                                                                                                                                                                    МИНИСТЕР

                                                                                                                                                                   Никола Тодоров

Share This Article :

Related Posts