JАПОНСКАТА АМБАСАДА И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ИМААТ ОДЛИЧНА СОРАБОТКА, КАДЕ ШТО И ПОНАТАМУ ПРОДОЛЖУВАМЕ ДА ГИ УНАПРЕДУВАМЕ КАПАЦИТЕТИТЕ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Доц. Д-р. Венко Филипче попладнево се обрати на настанот организиран од страна на Јапонската амбасада, каде што се одбележа досегашната успешна соработка, со исклучително значаен и континуиран придонес за унапредување на здравствениот систем во нашата држава.
Преку јапонскиот грант за мали проекти, кој е само еден од низата грантови од Јапонската амбасада, беше потпишувањето на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде заедно со амбасадорката Ханеда и деканката на Медицински факултетот потпишавме заеднички договор за грант од 23.165 евра за набавка на нов дијагностички ултразвук за тироида и вратна регија.
Исто така, неодамна со помош од јапонската амбасада беше комплетно реновирано одделението за абдомен на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, со што значително се подигнати стандардите за лекување и третман на пациентите во оваа установа и со што пациентите имаат значително подобри услови за лекување и третман.
Со грантовите беше опфатена Клиниката за гинекологија и акушерство, Институтот за белодробни заболувања-Козле, како и Клиничката болница во Штип и Здравствениот дом Делчево, за што беа обезбедени речиси половина милион евра за реновирање и набавка на нова медицинска опрема и подобрување на капацитетите во овие јавни здравствени установи.
Годинава, исто така ќе се реновира Здравствениот дом во Кратово и веќе е пристигнато ново амбулантно возило во Тетово. Додека пак, во изминатите две години, со програмата „Грант помош за поддршка на мали проекти“ беа опфатени повеќе здравствени установи, од аспект на реновирање и подобрување на условите, набавка на нова медицинска опрема и нови медицински возила за транспорт на пациенти.
Посебен акцент е ставен на подбрување на условите за лекување и набавка на нова медицинска опрема, како и реновирање на капацитетите во повеќе здравствени установи, меѓу кои и: Општа болница Кавадарци, Здравствен дом Македонски Брод, Здравствен дом Велес, каде се инвестирани вкупно над 100.000 евра.

Share This Article :

Related Posts