Објавено на септември 19, 2016

Јавен оглас за запишување кофинансирана приватна специјализација за доктори на медицина и здравствени соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година

grb-na-rm

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

ЈАВЕН ОГЛАС
за запишување кофинансирана приватна специјализација за доктори на медицина и здравствени соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година

Врз основа на член 150-г од Законот за здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16 и 37/16), и Програмата за едукација на лекари и медицински персонал и за кофинансирање на специјализација, односно супспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/16, 65/16 и121/16), Министерството за здравство објавува јавен оглас .

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните општи и посебни услови:

Општи услови за сите објавени места

  • Да се државјани на Република Македонија
  • Да се полнолетни
  • Да не им е изречена прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

  • Завршен Медицински факултет
  • Положен стручен испит
  • Поседување на лиценца за работа

Во прилог на пријавата, а како доказ за исполнување на условите, кандидатите треба да ги достават следните документи во оригинал или копии заверени кај нотар:

  • Уверение за државјанство
  • Диплома за завршен факултет или уверение за положени испити, при што во документот кој се доставува е потребно да е наведен просечниот успех
  • Уверение за положен стручен испит
  • Лиценца за работа
  • Фотокопија од лична карта
  • Доказ од надлежен орган (Централен регистар на РМ) дека не им е изречена прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност, издаден најмногу шест месеци пред денот на објавување на јавниот оглас
  • Лична изјава дека нема запишано специјализација / супспецијализација во Република Македонија или во странство
  • Пријава/одјава во задолжително социјално осигурување – образец М1/М2
    Кандидати кои завршиле високо образование во странство, потребно е да ги достават и следните документи:

  • Нострифицирана диплома со соодветно образование
  • Документ за еквиваленција на оценките, издаден од Министерство за образование и наука.

*Во пријавата за огласот задолжително да се наведе име и презиме на кандидатот, телефонски број за контакт и e-mail адреса.

**Потенцираме дека огласот не се однесува на доктори на медицина кои се во редовен работен однос во јавна здравствена установа, како и дека услов за да се пријави на овој оглас е докторот на медицина да не бил вработен во јавна здравствена установа најмалку три месеци пред денот на објавување на овој јавен оглас.

Докторите на медицина кои навреме ќе ја завршат специјализацијата по акушерство и гинекологија, склучуваат договор со ФЗОМ за избран лекар гинеколог и за нив ќе се исплаќа стимулација во вредност од 1000 поени на месечно ниво во времетраење од 36 месеци. Доколку пред истекот на рокот од 36 месеци ја надмине вредноста од 1000 поени, продолжува да се пресметува/исплаќа капитација според број на пациенти.

Матичните гинеколози во: Босилово, Василево, Долнени, Крушево, Чучер Сандево, Македонски Брод, Ново Село, Студеничани, Чашка, Демир Хисар, дополнително добиваат и месечна стимулација во висина од 15.000,00 ден. од Програмата за здравствена заштита на мајки и деца на Министерство за здравство во времетраење од две години.

Кофинансирана специјализација за доктори на медицинаи здравствени соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година – вкупно 17 места за специјализација

Табела бр. 1 – Специјализација по акушерство и гинекологија за матични лекари

Ред. број Општина Вкупно слободни места за специјализација Процент на кофинансирање

1

Берово 1 90%

2

Босилово 1 90%

3

Василево 1 90%

4

Виница 1 90%

5

Гевгелија 1 90%

6

Демир Хисар 1 90%

7

Долнени 1 90%

8

Крушево 1 90%

9

Македонски Брод 1 90%

10

Ново Село 1 90%

11

Охрид 1 90%

12

Прилеп 1 90%

13

Пробиштип 1 90%

14

Струмица 1 90%

15

Студеничани 1 60%

16

Чашка 1 90%

17

Чучер – Сандево 1 90%

 

Во пријавата задолжително да се нагласи за која општина се пријавува кандидатот. Кандидатот доставува една пријава на која може да се пријави за повеќе општини и истата не може дополнително да се менува / дополнува.

Рокот за пријавување е 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот.

Пријавите со потребните документи се доставуваат во архивата на Министерство за здравство или како препорачана пратка по пошта на адресата на Министерството за здравство: ул. 50 Дивизија бр.14, 1000 Скопје, со назнака „Јавен оглас за запишување кофинансирана приватна специјализација за доктори на медицина и здравствени соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година“.

Селекцијата и изборот на кандидатите ќе се изврши согласно член 150-г од Законот за здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16 и 37/16), а селекција на кандидатите се врши според постигнат просечен успех и испит кој е составен од два дела (стручен тест и познавање на англиски јазик).

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО