Јавен оглас за запишување кофинансирана приватна специјализација за доктори на медицина и здравствени соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година

grb-na-rm

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

ЈАВЕН ОГЛАС

за запишување кофинансирана приватна специјализација за доктори на медицина и здравствени соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година

 Врз основа на  член 150-г од Законот за здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16 и 37/16), и Програмата за едукација на лекари и медицински персонал и за кофинансирање на специјализација, односно супспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/16, 65/16 и121/16), Министерството за здравство  објавува јавен оглас .

 Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните општи и посебни услови:

Општи услови за сите објавени места

  • Да се државјани на Република Македонија
  • Да се полнолетни
  • Да не им е изречена прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови за објавени места од табела број 1

  • Завршен Медицински факултет
  • Положен стручен испит
  • Поседување на лиценца за работа

Посебни услови за објавени места од табела број 2

  • Диплома за завршен Природно математички факултет отсек физика или
  • Диплома за завршен Електротехнички факултет отсек електроника

Во прилог на пријавата, а како доказ за исполнување на условите, кандидатите треба да ги достават следните документи во оригинал или копии заверени кај нотар:

  • Уверение за државјанство
  • Диплома за завршен факултет или уверение за положени испити, при што во документот кој се доставува е потребно да е наведен просечниот успех
  • Уверение за положен стручен испит – само за кандидати од табела бр.1
  • Лиценца за работа – само за кандидати од табела бр.1
  • Фотокопија од лична карта
  • Доказ од надлежен орган (Централен регистар на РМ) дека не им е изречена прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност, издаден најмногу шест месеци пред денот на објавување на јавниот оглас
  • Лична изјава дека нема запишано специјализација / супспецијализација во Република Македонија или во странство

Кандидати кои завршиле високо образование во странство, потребно е да ги достават и следните документи:

  • Нострифицирана диплома со соодветно образование
  • Документ за еквиваленција на оценките, издаден од Министерство за образование и наука.

*Во пријавата за огласот задолжително да се наведе име и презиме на кандидатот, телефонски број за контакт и e-mail адреса.

ТАБЕЛА 1 

Докторите на медицина кои навреме ќе ја завршат  специјализацијата по акушерство и гинекологија, склучуваат договор со ФЗОМ за избран лекар гинеколог  и за нив ќе се исплаќа стимулација во вредност од 1000 поени на месечно ниво во времетраење од 36 месеци. Доколку пред истекот на рокот од 36 месеци ја надмине вредноста од 1000 поени, продолжува да се пресметува/исплаќа капитација според број на пациенти.

Матичните гинеколози во: Арачиново, Боговиње, Босилово, Брвеница, Василево, Врапчиште, Долнени, Желино, Јегуновце, Крушево, Липково, Чучер Сандево, Македонски брод, Ново село, Студеничани, Теарце, Чашка, Шуто Оризари, Демир Хисар, Демир Капија  и Бутел,   дополнително добиваат  и месечна стимулација во висина од 15.000,00 ден. од Програмата за здравствена заштита на  мајки и деца на Министерство за здравство во времетраење од две години.

ТАБЕЛА 2:

Со стекнување на статусот специјализант преку програмата за кофинансирање, здравствениот соработник заснова работен однос на определено време со јавната здравствена установа за која се пријавил за специјализација за периодот на спроведување на специјалистичкиот стаж до полагање на специјалистичкиот испит, при што има право на плата во висина од една просечна месечна плата во Република Македонија исплатена за претходната година и други надоместоци од плата согласно со закон.

По завршувањето на специјализацијата од табела број 2, здравствените соработници се вработуваат без објавување на оглас во јавната здравствена установа за која се пријавиле за специјализација.

Кофинансирана специјализација за доктори на медицина и здравствени соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година – вкупно 51 место за специјализација

Табела бр. 1 – Специјализација по акушерство и гинекологија за матични лекари 

Ред. број Општина Вкупно слободни места за специјализација Процент на кофинансирање

1

Аеродром 4 60%

2

Арачиново 1 60%

3

 Берово 1 90%

4

Битола 1 90%

5

Боговиње 1 90%

6

Босилово 1 90%

7

Брвеница 1 90%

8

Бутел 2 90%

9

 Василево 1 90%

10

 Велес 1 90%

11

Виница 1 90%

12

Врапчиште 1 90%

13

Гази Баба 3 60%

14

Гевгелија 1 90%

15

Гостивар 1 90%

16

 Демир Капија 1 90%

17

 Демир Хисар 1 90%

18

 Долнени 1 90%

19

Желино 1 90%

20

Јегуновце 1 90%

21

Карпош 2 60%

22

Кисела Вода 2 60%

23

 Крушево 1 90%

24

Липково 1 90%

25

 Македонски Брод 1 90%

26

 Ново Село 1 90%

 27

 Охрид 1 90%

 28

 Прилеп 2 90%

 29

 Пробиштип 1 90%

30

Сарај 1 90%

 31

 Струмица 1 90%

 32

 Студеничани 1 60%

33

Теарце 1 90%

34

Чаир 1 60%

 35

 Чашка 1 90%

 36

 Чучер – Сандево 1 60%

37

Шуто Оризари 2 90%

 Табела бр. 2

Ред. број Вид на специјализација Јавна здравствена установа Вкупно слободни места за специјализација Процент на кофинансирање

1

специјализација по медицинска нуклеарна физика ГОБ „8 Септември“  

1

 

70%

2

специјализација по медицинска нуклеарна физика КБ Штип  

1

70%

3

специјализација по медицинска нуклеарна физика КБ Битола  

1

70%

4

специјализација по медицинска нуклеарна физика. УК за радиотерапија и онкологија  

1

70%

Во пријавата задолжително да се нагласи за која специјализација, за која јавна здравствена установа или општина се пријавува кандидатот. Кандидатот доставува  една пријава на која може да се пријави за повеќе општини / јавни здравствени установи, и истата не може дополнително да се менува / дополнува.

Рокот за пријавување е 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето на огласот.

Пријавите со потребните документи се доставуваат во архивата на Министерство за здравство или како препорачана пратка по пошта на адресата на Министерството за здравство: ул. 50 Дивизија бр.14, 1000 Скопје, со назнака „Јавен оглас за запишување кофинансирана приватна специјализација за доктори на медицина и здравствени соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица  и невработени за 2016 година“.

Селекцијата и изборот на кандидатите ќе се изврши согласно член 150-г од Законот за здравствена заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16 и 37/16), а селекција на кандидатите се врши според постигнат просечен успех и испит кој е составен од два дела (стручен тест и познавање на англиски јазик).

 

 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

 

Share This Article :

Related Posts

Остави коментар