ЈАВЕН ОГЛАС За запишување кофинансирана приватна специјализација за доктори на медицина кои имаат запишано приватна специјализација вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година

grb-na-rm

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

ЈАВЕН ОГЛАС

 За запишување кофинансирана приватна специјализација за доктори на медицина кои имаат запишано приватна специјализација вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година

 

Врз основа на член 150-г од Законот за здравствената заштита  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/13, 164/2013, 39/2014, 43/2014, 132/2014, 188/2014, 10/2015, 61/2015, 154/2015, 17/16 и 37/16), и Програмата за едукација на лекари и медицински персонал и за кофинансирање на специјализација, односно супспецијализација на здравствените работници и здравствените соработници вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/16, 65/16, 121/16 и 176/16),, Министерство за здравство  објавува јавен оглас.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните општи и посебни услови:

Општи услови за сите објавени места

  • Да се државјани на Република Македонија
  • Да се полнолетни
  • Да не им е изречена прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови:

  • Завршен Медицински факултет
  • Положен стручен испит
  • Поседување на лиценца за работа
  • Доказ/ потврда од Медицински факултет за запишана специјализација

Во прилог на пријавата, а како доказ за исполнување на условите, кандидатите треба да ги достават следните документи во оригинал или копии заверени кај нотар:

  • Уверение за државјанство
  • Диплома за завршен факултет или уверение за положени испити, при што да се достави документот во кој е наведен просечниот успех на кандидатот од сите предмети во прв циклус на студии
  • Уверение за положен стручен испит
  • Лиценца за работа
  • Фотокопија од лична карта
  • Доказ од надлежен орган (Централен регистар на РМ) дека не им е изречена прекршочна санкција забрана на вршење професија, дејност или должност, издаден најмногу шест месеци пред денот на објавување на јавниот оглас
  • Доказ/ потврда од Медицински факултет за запишана специјализација
  • Доказ/ потврда од Медицински факултет за должината на специјалистичкиот стаж спроведен до денот на објавувањето на овој Јавен оглас (специјалистичкиот стаж искажан во број на месеци)
  • Специјализантска книшка со заверени турнуси
  • Пријава/одјава во задолжително социјално осигурување – образец М1/М2

Кандидати кои завршиле високо образование во странство, потребно е да ги достават и следните документи:

  • Нострифицирана диплома со соодветно образование
  • Документ за еквиваленција на оценките, издаден од Министерство за образование и наука.

*Во пријавата за огласот задолжително да се наведе име и презиме на кандидатот, телефонски број за контакт и e-mail адреса.

**Потенцираме дека огласот не се однесува на доктори на медицина кои се во редовен работен однос во јавна здравствена установа, како и дека услов за да се пријави на овој оглас е докторот на медицина да не бил вработен во јавна здравствена установа најмалку три месеци пред денот на објавување на овој јавен оглас. Огласот се однесува на доктори на медицина кои имаат запишано приватна специјализација.

 Со стекнување на статусот на приватен специјализант, преку програмата за кофинансирање, здравствениот работник заснова работен однос на определено време со јавната здравствена установа за која се пријавил за специјализација за периодот на спроведување на специјалистичкиот стаж до полагање на специјалистичкиотиспит, при што има право на плата во висина од една просечна месечна плата во Република Македонија исплатена за претходната година и други надоместоци од плата согласно со закон.

По завршувањето на специјализацијата здравствените работници се вработуваат без објавување на оглас во јавната здравствена установа за која се пријавиле за специјализација односно супспецијализација.

 

Кофинансирана приватна специјализација или супспецијализација за доктори на медицина кои имаат запишано приватна специјализација вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година вкупно 32 извршители

 

Јавна здравствена установа Назив на специјализација Вкупно слободни места за специјализација Процент на кофинансирање
ЈЗУ 8 Септември Пулмологија и алергологија 2 40%
ЈЗУ УК по хируршки болести “Св. Наум Охридски” – Скопје Општа хирургија 2 40%
ЈЗУ УК Детска хирургија Детска хирургија 1 40%
ЈЗУ УК Хематологија Хематологија 2 40%
ЈЗУ УК Неурохирургија Неврохирургија 2 60%
ЈЗУ УК  Гинекологија и акушерство Неонатологија 3 80%
ЈЗУ УК  Гинекологија и акушерство Анестезиологија со интензивно лекување 3 80%
ЈЗУ УК Радиологија и онкологија Радиотерапија 3 80%
КБ Тетово Ревматологија 1 60%
КБ Тетово Општа хирургија 1 40%
КБ Тетово Урологија 1 60%
КБ Тетово Нефрологија 1 40%
КБ Тетово Ендокринологија 1 40%
КБ Тетово Гастроентерохепатологија 1 60%
ОБ Гостивар Урологија 1 60%
ОБ Гостивар Детска и адолесцентна психијатрија 1 40%
ОБ Куманово Дерматовенерологија 1 40%
ОБ Куманово Офталмологија 1 60%
ОБ Прилеп Гастроентерохепатологија 1 60%
ОБ Кичево Интерна медицина 4 40%
         Вкупно 32

                                                               

Кофинансирањето важи од моментот на склучување договор за кофинансирана специјализација.

Рокот за пријавување на огласот е 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот.

Пријавите со потребните документи се доставуваат во архивата на Министерство за здравство или препорачана пратка по пошта на адресата на Министерството за здравство – ул. 50 Дивизија бр.14, 1000 Скопје, со назнака „Јавен оглас  за запишување кофинансирана приватна специјализација  за доктори на медицина кои имаат запишано приватна специјализација вработени во приватни здравствени установи, други правни лица и невработени за 2016 година “. Во пријавата задолжително да се нагласи за кој тип специјализација и за која јавна здравствена установа се пријавува кандидатот (кандидатот може да се пријави за повеќе јавни здравствени установи).  

Селекцијата и изборот на кандидатите ќе се изврши согласно член 150-г  од Законот за здравствена заштита  , а селекција на кандидатите се врши според постигнат просечен успех, должина на специјалистички стаж и испит кој е составен од два дела (стручен тест и познавање на англиски јазик).

   

 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО

 

 

Share This Article :

Related Posts

Остави коментар