ПРОДОЛЖЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА УЧЕСТВО НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ВО РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ХИВ/СИДА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА 2017 ГОДИНА

Врз основа на член 55 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11) Mинистерот за здравство ја донесе следната

 Во согласност со Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Република Македонија за 2017 година (Службен весник на РМ, бр. 118/17), Министерство за здравство објавува

Продолжен Јавен повик

за изразување интерес за учество на здруженија на граѓани во реализација на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА Во Република Македонија За 2017 Година

Вид на активности кои ќе бидат поддржани

Средствата кои се обезбедени во рамките на Програмата за 2017 година претставуваат кофинансирање заедно со обезбедените средства во рамки на проектот Одржување ниска преваленца на ХИВ во РМ, одржлив развој, финансиран од странски донатор – Глобален фонд за борба против ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија и во таа насока поставените  таргети се однесуваат на  национално ниво и истите ќе се остваруваат во корелација со проектот на Глобален Фонд. Во рамките на овој Јавен повик финансиски ќе бидат поддржани програмски активности во следниве области на делување;

1. Превенција на ХИВ кај групите изложени под најголем ризик

1.1 Превенција на ХИВ помеѓу МСМ (мажи кои имаат секс со мажи),

1.2 Превенција на ХИВ помеѓу ЛИД (лица кои инјектираат дроги)

1.3 Превенција на ХИВ помеѓу СР  (сексуални работници)

2. ХИВ Тестирање и Советување

3. Дијагноза и третман со СПИ (сексуално преносливи инфекции)

1.1. Превенција на ХИВ помеѓу МСМ – Во рамките на оваа област на делување, издвоени се вкупно 951.000 денари. Со истите е предвидено да се опфатат со основен пакет на услуга (кондом, лубрикант и едукативен материјал), вкупно 2.173 лица (МСМ) од кои 110 нови (опфатени по прв пат). Активностите кои се финансираат треба да се  насочени кон зголемување на опфатот на оваа целна популација, активности поврзани со функционирање на советувалиште во Скопје: директно советување,  преку инфо линија и веб портал, психосоцијална подршка за лицата,  како и теренски активности во Скопје и уште во четири града низ државата. Со оваа активност потребно е да се поделат вкупно 9.780 кондоми, 7.600 лубриканти и 4.350 информативно-едукативни материјали.

1.2 Превенција на ХИВ помеѓу ЛИД – Во рамките на оваа област на делување издвоени се вкупно 3.060.000 денари. Со истата е предвидено да се опфатат со основен пакет на услуга (сет од една игла и еден шприц, кондом и едукативен материјал) вкупно 2.140 лица од целната популација, од кои 170 нови (опфатени по прв пат) во рамките на веќе воспоставени програми за намалување на штети од употреба на дроги односно програми за размена на игли и шприцеви, вкупно 16:  (три) во Скопје и по една во 13 други градови и тоа Тетово, Гостивар, Битола, Охрид, Струга, Велес, Кичево, Прилеп, Кавадарци, Штип, Струмица, Гевгелија и Куманово. Со оваа активност потребно е се поделат 222.680 сетови игла и шприц,  13.250 кондоми и 5.000 информативно-едукативни материјали. За секоја програма се предвидени финансиски средства во висина до 191.250 денари.  

1.3 Превенција на ХИВ помеѓу СР – Во рамките на оваа област на делување се издвоени вкупно 1.316.000 денари. Со истата е предвидено да се опфатат со основен пакет на услуга (кондом, лубрикант и едукативен материјал) вкупно 758 лица од целната популација од кои 67 нови (опфатени по прв пат), во веќе воспоставените програми во 7 градови низ Македонија: Скопје (две), Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Струмица и Гевгелија. Со активноста потребно е да се поделат вкупно 35.750 кондоми, 11.900 лубриканти и 4.550 информативно-едукативни материјали. За секоја програма поодделно се предвидени финансиски средства во висина до 165.000 денари.

2. ХИВ Тестирање и Советување – Во рамките на оваа област на делување се издвоени вкупно 1.440.000 денари и ќе се подржат активности поврзани со теренско советување и тестирање, спроведувани од две мобилни теренски возила, опремени за таа намена, организирани во вкупно 106 смени, како и преку тестирање.  Со истата е предвидено да се опфатат  684 лица со основен пакет на услуга (пред советување, тестирање со брз тест за ХИВ и пост советување) во Скопје и уште 13 градови низ државата: Тетово, Гостивар, Велес, Кичево, Прилеп, Охрид, Битола, Кавадарци, Штип, Струмица, Гевгелија и Куманово.  Активностите кои се финансираат треба да се  насочени главно кон зголемување на опфатот на лица припадници на целните популации кои се тестирани за ХИВ и тоа: МСМ (336 лица), Осуденици (60 лица), ЛИД (204 лица) и СР (84). Советувањето и тестирањето  треба да биде доброволно и доверливо и да биде спроведено од лица кои имаат поминато претходна обука за Советување и тестирање. Теренските тимови е потребно да се составени од три лица (советувач, лаборант и гејткипер)

3. Дијагноза и третман со СПИ (сексуално преносливи инфекции)

Со оваа активност ќе се подржи функционирање на пријателски сервиси за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) во Скопје. Со истите е планирано да се зголеми достапноста во пристапот на квалитетни услуги за СРЗ на луѓето од клучните популации (МСМ, ЛИД, СР и на луѓето кои живеат со ХИВ и нивните партнери). Со оваа активност потребно е да се опфатат 180 клиенти од целната популација: МСМ (80), СР (90) и ЛИД (10) и да се направат вкупно 280 тестови за СПИ (сифилис, гонореја, хепатитис Б и хепатитис Ц, кламидија и трихомонас), и 180 ХИВ брзи тестови клиентите ќе добијат и ХИВ тестирање и советување.  За оваа програмска активност се издвоени вкупно финансиски средства во износ од 630.000 денари.

4.  Временска рамка и вкупно предвидени/достапни средства

Средствата се однесуваат за периодот октомври-декември 2017 година. Средствата треба да се користат строго наменски и ќе бидат детално специфицирани во договорот помеѓу здружението и Министерството за здравство.

5. Општи критериуми кои треба да ги исполнат здруженијата кои учествуваат на овој повик се:

 –          граѓанската организација да има упис со соодветни цели и дејности во регистарот на Централниот регистар на Република Македонија, согласно Законот за здруженија и фондации 

–          да располага со соодветни кадровски и просторни услови,

–          да има активно работење во областа на превенција на ХИВ најмалку три години од денот на основањето .

6. За спроведување на активности за превенција на ХИВ помеѓу групите под особен ризик од ХИВ  (мажи кои имаат секс со мажи, сексуални работници/чки и лица кои инјектираат дрога),  граѓанските здруженија треба да исполнат најмалку еден од следните посебни  услови:

–          да имаат реализирано најмалку три проекта, односно најмалку еден повеќегодишен проект со траење не помалку од три години од областа на превенција на ХИВ помеѓу соодветната група под ризик, самостојно или во партнерство вклучително, раководење со стационарни  и/или  теренски сервиси,

–          да има реализирано најмалку еден проект со траење не помалку од  две години од областа превенција на ХИВ  помеѓу групите со ризик, вклучително раководење со стационарни  и/или  теренски сервиси, доколку се работи за организација на самата заедница.

 7.      Потребна документација која здружението треба да ги достави

Покрај компјутерски пополнет унифициран образец, потпишан од застапникот на здружението и заверена со печат на здружението, здружението задолжително треба да ги достави следниве прилози:

7.1  Тековна состојба од Централен регистар (не постара од 6 месеца);

7.2   Статут на здружението;

7.3   Програма за работа или стратешка рамка на здружението;

7.4   Доказ за соодветна експертиза во проблематиката на која се однесува барањето за финансиски средства, односно доказ за исполнување на најмалку еден од посебните услови за спроведување на активности за превенција на ХИВ помеѓу целните групи на Програмата:

7.5  Копија од склучен/и договор/и за споредување на проект/и од соодветната област со донатор/и на проект/и

7.6  Копија од завршна сметка;

      7.7Доказ за исполнување на условите за соодветен простор за работа – Копија од имотен лист/поседовен лист или копија од договор за закуп на имот;

7.8  Доказ за исполнување на условите за кадровски услови  – Изјава на здружението за ангажиран персонал; професионална биографија на лицата кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот ( на пропишаниот формулар кој е дел од овој јавен повик);

7.9  Најмалку едно мислење/референца од партнери или донатори за реализација на претходни проекти и

7.10          Писмена поддршка од други организации или институции за кои е планирано да земат учество во реализацијата на проектот (ова се однесува доколку проектот се спроведува во партнерство со друга организација/институција.)

8.      Рокови за спроведување на постапката

8.1. Јавниот повик трае 5 дена од денот на објавувањето;

8.2.Крајниот рок за доставување на потребната документација е до 15 часот на последниот ден на јавниот повик;

8.3.Комисијата за избор на здруженија коишто ќе спроведуваат активности на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Република Македонија за 2017 којашто е формирана со Решение на Министерот за здравство е одговорна за селекцијата на апликантите.

8.4.Комисијата за избор на здруженија коишто ќе спроведуваат активности на Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА во Република Македонија за 2017 донесува одлука за избор на здруженија во рок од 10 дена од крајниот рок на јавниот повик;

8.5.Министерот за здравство во рок од 5 дена по доставувањето на мислењето од страна на Комисијата, донесува решение за избор и доделување на средствата и писмено ќе ги информира сите апликанти за изборот.

9.      Начин на доставување на пријавите

Целокупната документација треба да се достави преку пошта, во затворен коверт на адреса: Министерство за здравство, 50 Дивизија 6, 1000 Скопје преку архивата на Министерството за здравство до 15 часот (со назнака – Сектор за примарна и превентивна здравствена  заштита – Пријава за јавен повик).

Здруженијата учесници на јавниот повик ќе бидат известени за резултатите во рок од 5 дена од денот на донесување на Решението за избор и доделување на средства од Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА на Република Македонија за 2017 година, наменети за финансирање на програмски активности на здруженија.

Формуларот за аплицирање и формулар за професионална биографија на ангажираните лица за предлог проектот, се достапни на линковите подолу:

Формуларот за аплицирање

Формулар за професионална биографија на ангажираните лица за предлог проектот

Прашања за појаснување може да се поставуваат писмено или по електронски пат до Нермина Факовиќ, Сектор за примарна и превентивна здравствена  заштита.

контакт тел: +38923112500 локал 123 е маил: nermina.fakovic@zdravstvo.gov.mk

адреса: Министерство за здравство, 50 Дивизија 14, 1000 Скопје

 

Предлог проектите на апликантите коишто не ги исполнуваат основни критериуми поврзани со експертиза за ХИВ нема да бидат разгледувани.

 

                                                                              

 

Share This Article :

Related Posts

Остави коментар