ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА РАБОТА ВО ПЗЗ ВО ЗДРАВСТВЕН ДОМ СЕ ОДВИВА КОНТИНУИРАНО

Министерството за здравство информира дека јавниот повик за изразување интерес за работа во примарна здравствена заштита во здравствен дом се одвива континуирано.

За пријавување на јавниот повик, заинтересираните доктори на медицина потребно е да се достават писмо за интерес, во кое задолжително да се наведат: име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса), копија од лиценца/уверение за работа и да ја наведат јавната здравствена установа во која се изразува интерес да се врши работата според местото на живеење на заинтересираниот кандидат.

Потребната документација потребно е да се достави во архива на Министерството за здравство, ул. 50-та Дивизија бр.14, 1000 Скопје: ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за работа во примарна здравствена заштита во здравствен дом.

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021