КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН ОДДЕЛ НА УК ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА И ПОЧЕТОК НА НЕСРОДНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА МАТИЧНИ ХЕМАТОПОЕТСКИ КЛЕТКИ

Министерот за здравство д-р Венко Филипче ја посети Универзитетската клиника за хематологија каде комплетно е реновиран Одделот за трансплантација. 

Во рамки на овој Оддел, првпат во Македонија и пошироко во регионот ќе се извршува несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки, која е една од најсофистицираните тераписки процедури во современата медицина. Пациентите повеќе нема да треба да одат во странство за ваква трансплантација. 

Во рамки на посетата, министерот Филипче потенцираше дека пациентите на хематологија ќе се лекуваат во реновирани соби и простории според најсовремени светски стандарди. Исто така, посочи дека станува збор за пациенти кои се лекуваат од малигни заболувања на крвта кои бараат трансплантација на коскената срцевина.

Сподели на:

Related Posts