КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНАТА МРЕЖА ПО ПОВОД СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

Државниот секретар во Министерство за здравство, д-р Владимир Милошев ги поздрави присутните на конференцијата по повод Светски ден на здравјето, во организација на Секретаријатот на здравствената мрежа на земјите од Југоисточна Европа (SEEHN) и Регионалниот здравствен развоен центар за јавно здравствени услуги со седиште во Институтот за јавно здравје.

-Ми претставува посебна чест и задоволство да ви се обратам по повод традиционалното одбележување на 7 април – ветскиот ден на здравјето, кој годинава се одбележува под мотото „Здравје за сите, здравје насекаде“. Заедничка визија на Владата на Република Македонија и Министерството за здравство е здравјето и добросостојбата на сите граѓани постојано да се подобруваат и унапредуваат преку одржлив и висококвалитетен здравствен систем ориентиран кон граѓанинот. 

Целта е секој и секаде да го оствари своето право на највисока можна здравствена заштита и да има можност и пристап до квалитетна здравствена услуга.

За постигнување на сите овие заложби и овозможување на достапни и квалитетни здравствени услуги за секој граѓанин во државата презедовме низа активности во таа насока. Една од тие активности е ослободувањето од плаќање здравствена партиципација за децата од семејства-корисници на социјална парична помош при користење здравствени услуги на лицата до 18 години возраст, чии семејства се корисници на правото на социјална парична помош.

Исто така еден од главните приоритети на Министерството за здравство е и надградба на електронскиот систем „Мој Термин“, со што ќе се растеретат докторите од административните формалности и ќе имаат повеќе време за своите пациенти.

Кампањите за јавно здравје кои Министерство за здравство ги спроведува меѓу кои се кампањата за потреба од редовни превентивни прегледи со скрининг за рано откривање на карцином на грло на матка, дојка, дебело црево, кампањата за здрава бременост како и кампањата за здрава исхрана и физичка активност ќе бидат во насока на натамошен развој и обезбедување континуирана и ефикасна здравствена заштита за секој граѓанин во државата.

Министерството за здравство во наредниот период ќе работи и на измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита и Законот за здравствено осигурување, во насока на унапредување на пристапот на сите граѓани до поквалитетни здравствени услуги.

Во завршна фаза се и измените и дополнувања на Законот за лекови во делот на паралелен увоз, со цел зајакнување на контролата на увозот на лековите и обезбедување поквалитетни лекови.

Веќе се преземени мерки и активности да се подобри здравствената заштита на мајките и децата, да се обезбеди подобра превентивна здравствена заштита преку зголемување на буџетите на превентивните програми.

Реконструкцијата на постојните болнички институции како и изградбата на капиталниот објект Универзитетски клинички центар се исто така дел од подобрување на пристапот до квалитетна здравствена грижа и позадоволни граѓани и пациенти.

 

Сподели на:

Related Posts