КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ

Mинистерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска се обрати на конференцијата „Здравјето на Ромите: Пристап, предизвици и можности за подобрување“, во организација на Фондацијата Отворено општество.

Министерот посочи дека во рамки на превентивните редовни програми на Министерството за здравство, за Ромите се предвидени бесплатни прегледи за време на бременост, бесплатни лабораториски испитувања доколку немаат здравствено осигурување, бесплатно породување, а понатаму патронажните сервиси ја преземаат грижата за жената после породувањето.

– Направивме една анализа, без градот Скопје потребно е да се вработат 380 доктори. Во здравствениот систем во Република Македонија треба вкупно да се вработат околу 2.300 луѓе, а најмногу доктори. Во Агенцијата за вработување има регистрирано 1.100 невработени медицински сестри и нешто помалку од 200 доктори. Сите да можеме да ги вработиме и повторно ќе нема доволно. Затоа почнавме да истражуваме иновативни начини за тоа како да ја подобриме патронажната служба, како и сервисите кои сега се даваат во болница, истакна министерот Филипче.

Share This Article :

Related Posts