КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЕН ПРОЕКТ ЗА НОВА ГРАДСКА БОЛНИЦА

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

објавува

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЕН ПРОЕКТ ЗА НОВА ГРАДСКА БОЛНИЦА

на локација во општина Аеродром

Министерството за здравство информира дека е распишан Конкурс за избор на Идеен проект за Нова Градска болница на локација во општина Аеродром. Конкурсот ќе се спроведува преку Електронскиот систем за јавни набавки, каде што се објавени целите на проектот и критериумите за избор.

Со цел да се обезбеди болничка заштита во дефинирана мрежа на општи и специјализирани болници и соодветно да одговори на потребите на жителите на градот Скопје и пошироко, Министерството за здравство смета дека е потребно да се подигнат капацитетите на т.н. “градски болници“ и на тој начин да се намали притисокот врз терциерното здравство во постојниот клинички центар. Новата Градска болница треба да понуди подобра достапност на населението до потребните здравствени услуги, подобрување на квалитетот и сигурноста на пружените болнички услуги. Новата Градска болница треба да имплементира еден нов модел за пружање на амбулантска здравствена заштита и дневна хирургија со неинванзивни постапки, со цел намалување на просечната должина на болнички престој.

Учеството на конкурсот е анонимно. Оценувањето на конкурсните трудови ќе го врши Жири комисија. На најдобро рангираните учесници Министерство за здравство на Република Македонија ќе додели парични награди.

Конкурсните трудови се доставуваат по пошта или лично, во архивата на Министерството за здравство на Република Македонија, најдоцна до 18.07.2018 година до 13:00 часот.

 

 

Share This Article :

Related Posts