КОНСЕНЗУС НА КИНЕСКИТЕ ДЕРМАТОЛОЗИ ЗА ЗАШТИТА НА КОЖАТА И СЛУЗНИЦИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ СЕ БОРАТ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Здравствените работници кои работат на превенција и лекување на болеста COVID19 се склони кон оштетување на кожата и мукозните мембрани, што може да доведе до појава на акутни и хронични дерматити, секундарни инфекции и агравација на постоечките кожни болести.

Ова се одлуките од консензусот на Kинеските експерти, а се однесува на преземање адекватни мерки на претпазливост и заштита, совети за правилно миење на рацете и заштита, поврзани со употреба на медицински ракавици, употреба на заштитни маски и очила , UV-протекција, заштита на очите, носот и оралната мукоза, ушите и косата.

Неопходно е стриктно следење на упатствата за носење на заштитна опрема и спецификација на миење и стерилизација. Недоволна, но и прекумерна заштита ќе има негативни ефекти на кожата и мукозните мембрани. Истовремено, препорачливо е да се употребуваат емолиенти за нега за да се постигне подобра заштита.

По анкетирани 330 здравствени работници, кои работат во болнички оддели за лекување на COVID-19 резултатите покажале дека 71% од испитаниците имале оштетување на кожата. Главни симптоми биле јадеж, печење и жарење. Најчесто пријавувани кожни промени биле сувост или десквамација, еритем, папули и мацерација. Бидејќи здравстените работници често се соочуваат со оштетувања на кожата и мукозните мембрани, консензусот за заштита беше заеднички напишан од страна на Здружението на дерматолози на Кина, Кинеската асоцијација за дерматологија и Националниот Клинички Истражувачки Центар за кожни и имунолошки болести.

На следниот линк прочитајте ги сите препораки и совети.

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021