КРЕИРАВМЕ РЕСУРСНА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА ЗА ДА ОДГОВОРИМЕ НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ ПО СЕКСУАЛНОТО И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО УСЛОВИ НА КРИЗА

Во услови на криза, погоденото население се соочува со огромни предизвици од аспект на сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ). Отежнатиот пристап до СРЗ услугите исто така потенцијално предизвикува зголемена смртност или морбидитет, отежнат пристап до контрацепција, компликации поврзани со абортус, сексуално и родово-базирано насилство, зголеменца инциденца на сексуално преносливи инфекции (СПИ), вклучително и ХИВ.

Со цел да одговориме на предизвиците по сексулното и репродуктивното здравје на населението во услови на кризи, ја креиравме ресурсната интернет страница: https://srzvokriza.mk/, со поддршка на ХЕРА и Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА).

На оваа страница се достапни информативни материјали за координативните механизми за СРЗ во кризни состојби, родово-базираното насилство, грижата за мајки и новороденчиња, ХИВ и сексуално преносливи инфекции, сексуално и репродуктивно здравје на млади и адолесценти, како и минималниот основен пакет на услуги за сексуално и репродуктивно здравје што треба да му се обезбеди на населението во услови на вонредни состојби и хуманитарни кризи.

Share This Article :

Related Posts