Објавено на јули 8, 2013

Лекарите потврдија речиси 2.300 медицински грешки

SÜDDEUTSCHE ZEITUNG

Сомнеж за лекарска грешка: Повеќе од 12.000 пати се пожалиле пациентите во 2012 година кај лекарските комори

За разлика од претходните години, во 2012 година повеќе пациенти се пожалиле дека се сомневаат на медицинска грешка. Притоа честопати не се бара оштета, туку потреба да се искажат.

Дали докторот нешто превидел? Дали при операција ги запазил стандардите за хигиена? 12.230 пати се обратиле пациентите изминатата година со сомнеж за медицинска грешка во Лекарската комора. Бројот на поднесени поплаки, е најголем во последните пет години. Минатата година биле поднесени околу 1100 поплаки помалку за разлика од 2012 година врзани за медицинската професија.

Сепак, немаше повеќе потвдени поплаки од 2011. 2280 медицински грешки при третман се утврдени минатата година од страна на медицинските оценувачи. 1890 од нив довеле до оштетување на здравјето за што оправдано би било барањето за надомест на штета. 82 лица починале како резултат на небрежност, една година претходно бројот на смртни случаи изнесуваше 99.

Најмногу поплаки се од областа на ортопедијата

Како и во претходните години, поголемиот дел од поплаките се насочени против клиниките поточно се однесуваат на ортопедија и трауматологија. Најчестите дијагнози, кои водат до жалби се остеоартритис на колено и колк како и фрактури на подлактицата, долниот дел од ногата и на глуждот.

“Грешки се случуваат, дури и во медицината,” изјави Андреас Крусиус, претседател на Постојаната конференција на арбитражните центри во презентацијата на билансот. Тој истакна дека, бројот на утврдени грешки – земајќи го во предвид вкупниот број на медицински третмани – се движи во опсег на илјадници. Тоа важи, дури и ако се земе во предвид дека статистиката на Лекарската комора рефлектираше само мал дел од вистинските грешки.

За небрежност не се пријавува само медицинската професија, туку и Фондот за здравствено осигурување. Нивните експерти минатата година утврдиле 3900 грешки – од 12.500 сомнителни случаи. Еден дел на случаите, исто така завршуваат во судовите, без да се бројат. И, конечно, постојат голем број на непознати инциденти, кои воопшто не се пријавуваат, бидејќи пациентите не знаат дека биле жртви на лекарска грешка, или бидејќи се плашат од бирократските процедури или едноставно се премногу болни за да се жалат.

Елизабет Гец, Извршен директор на Сојуз за независното советување на пациенти Бремен, ги охрабрува пациентите да продолжат со поплаката во секој случај. На адреса на лекарите, вели таа, обично жртвите не се обраќаат за надомест на штета, туку за да не се повтори грешката. Пациентите “очекуваат многу повеќе отворена комуникација и одговор на нивните отворени прашања. За жал има недостаток од тоа  – и покрај многу добриот пристап – сепак медицинските случувања во секојдневието се премногу чести. “

Објавено во: Странски печат