ЛЕКОВИТЕ НА РЕЦЕПТ И СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИТЕ УСЛУГИ СЕГА ПОДОСТАПНИ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ

Владата на Република Северна Македонија, на 148. седница ја усвои Предлог-уредбата за изменување на Уредбата за мрежата на здравствени установи.

Со измените на Уредбата се овозможува проширување на мрежата на здравствени установи во делот на аптеките и руралните аптеки, како и во делот на специјалистите на секундарно ниво на здравствена заштита.

Ова значи, дека се трга ограничувањето на отворање аптеки и специјалистички ординации кои можат да склучат договор со Фондот за здравствено осигурување, согласно финансиските можности за фондот.

Аптеките кои немаа договор со ФЗО, отсега ќе имаат можност да склучат договор. Со овие измени се надминува проблемот со недостатокот на лекови, односно, лековите на рецепт ќе бидат подостапни за пациентите.

Воедно, Специјалистите ќе имаат можност да отворат специјалистичка ординација во место кое самите ќе го изберат или пак, како нов тим во веќе постоечка ординација, со договор на ФЗО. Преку отворање на специјалистички ординации, младите лекари ќе ги мотивираме да останат и да работат во нашата држава, а пациентите ќе имаат поголема можност да бираат во која специјалистичка ординација сакаат да одат.

Оваа уредба влегува во сила ден по нејзино на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Сподели на:

Related Posts