ЛИСТА НА ПОСЕБНИ СОВЕТНИЦИ

1) Дритан Исмаили – Шеф на кабинет


Шефот на кабинет раководи со кабинетот на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче. Ја организира работата и условите за работа во кабинетот. Ги распоредува задачите во Министерството за здравство. Го следи процесот на организација, подготовка и спроведување на активностите во кабинетот. Решава и за правата и обврските на вработените во кабинетот.

Исмаили ја координира соработката на министерот со другите министри, пратеници во Собранието, градоначалниците, раководните лица на другите институции, домашни меѓународни владини невладини организации и политички партии.

Шефот на кабинет е во секојдневна комуникација и соработка со заменикот министер за здравство и државниот секретар во ресорната институција.

Нето плата: 50.000 денари


2) Ангела Велинова

Ја организира работата на Службата за односи со јавноста во Министерството за здравство. Развива комуникациски план за активностите во ресорното министерство. Распределува задачи и обврски на вработените во ПР службата.

Ги организира медиумските појавувањата на министерот, заменикот министер и државниот секретар. Спрема говори и соопштенија кои ги испорачува до медиумите. Ги фотографира настаните. Објавува на веб-страницата на Министерството.

Раководи со социјалните медиуми и прави дизајнерски решенија/креативи кои се објавуваат на социјалните медиуми. Контакт лице за комуникација со медиумите и одговара на новинарски прашања. Организира јавни настани. Ги внесува податоците во алатката за отчетност на носителите на јавни функции во Министерството за здравство.

Спроведува задачи и надлежности делегирани од министерот и за својата работа одговара пред министерот.

Нето плата: 50.000 денари