Потпишан заеднички Меморандум за разбирање за соработка во здравството меѓу Ввладата на Република Македонија и Владата на државата Катар

Во Владата на РМ вчера беше потпишан заеднички Меморандумот  од областа на здравството, со кој се отвора сериозен простор за соработка во областа на медицината на највисоко ниво, размена на кадар, искуства, технологии и методи. Со посебен акцент на зајакнување на заедничките односи во областа на здравството и медицинските истражувања и практики; во превенција и контрола на болести, здравствена промоција, добросостојба, нови технологии, лекови и медицински помагала и други теми од заеднички интерес. Кога е тоа можно, страните ќе ги координираат  своите активности или ќе ги промовираат заедничките активности со меѓународните здравствени агенции, вклучително и со Светската здравствена организација (СЗО).

Со Меморандумот се дефинирани повеќе заеднички области за соработка, како што се:
а. Истражувања во областа на здравствена заштита, вклучувајќи и укажување на здравствени услуги, финансирање на биомедицинските истражувања и проценка на услугите; технологија и системи за здравствена заштита; економичност на службите за долготрајна здравствена заштита; истражување за системите за пружање на примарна здравствена заштита и алтернативни начини за проширување на укажувањето на здравствена заштита  вон институционалните установи;
б. Интеграција на основните информативни системи за здравјето и епидемиологијата, вклучување на телекомуникациски, статистички методи и размена на информации;
в.Квалитет и стандарди во здравствената заштита и обезбедувањето на услуги;
г. Финансирање на здравствената заштита;
д. Медицинско законодавство;
ѓ. Размена на научници, експерти и други здравствени професионалци, олеснување на стажирањето и напредни курсеви за државјаните на Катар;
е. Специјализација на здравствени професионалци заради обезбедување на повисоко образование преку обуки или посета на медицински училишта.
и други области договорени помеѓу страните.
Соработката воспоставена преку овој Меморандум за разбирање може да се одвива преку следниве форми:
1.    Размена на технички информации;
2.    Посети на специјалисти и професионалци;
3.    Заеднички истражувања;
4.    Обуки, како и организирање на семинари, работилници, симпозиуми и конференции за унапредување на целите на овој меморандум.
Share This Article :

Related Posts