МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПРИ КРЕИРАЊЕ ОДРЖЛИВИ СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ПАЦИЕНТИТЕ СО РЕТКИ БОЛЕСТИ ВО ДРЖАВАТА

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и претседателката на Националната алијанса за ретки болести, Ребека Јанковска-Ристески денеска склучија заеднички меморандум за соработка, со кој се уредува соработката при креирање одржливи системски решенија за пациентите со ретки болести во државата. 

Министерството за здравство и Националната алијанса за ретки болести, соработката ќе ја остваруваат преку низа активности чија главна цел е изготовување национална стратегија за ретки болести на Република Северна Македонија, со посебен акциски план и тоа:

– Работни средби меѓу претставници од Министерството и Алијансата, како и други релевантни страни;

– Експертска помош при изработка на стратегијата и акцискиот план;

– Други форми на соработка и размена на знаење и искуство во насока на подобрување на третманот на ретките болести во земјата.

Во контиунитет се грижиме за подобри услови и воведување нови лекови за лицата со ретки болести. За 2019 година значително е зголемен буџетот за ретки болести и изнесува 380 милиони денари. Во 2018 година воведени се три нови лека, додека пак, оваа година се воведуваат уште два нови лека.

Овој меморандум стапува на сила со денот на неговото потпишување.

Share This Article :

Related Posts