МИНИСТЕР

Д-р Илир Демири

Министер за здравство на Владата на Република Северна Македонија

Биографија:

Доктор Илир Демири е роден 25.10.1970 година во Тетово. Средно медицинско образование завршил во УМЦ Никола Штејн Тетово во 1988/1989 година. Со високо образование се стекнал на Универзитетот „Мајка Тереза“, Тирана во Република Албанија на Медицинскиот Факултет каде што дипломирал на 30.07.2003 година со успех 8,37. По завршување на лекарскиот стаж д-р Илир Демири се вработил на Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје во 2004 година.

Специјализацијата по инфектологија ја започнал во 2005 година при Медицинскиот Факултет „Св.Кирил и Методиј“-Скопје и успешно ја завршил на 28.10.2010 година. По завршувањето на специјалистичките студии работел на одделот за ургентна инфектологија и интензивна нега на Клиниката за инфективни болести.

Во 2007 година е избран за помлад асистент на Медицински факултет по предметот инфектологија, извршувајќи практична настава на студентите и подготовка и спроведување курсеви од областа на заразните болести.

Има објавено бројни трудови како автор и коавтор во престижни списанија. Учествувал на голем број конгреси во земјава и странство со усни и постер презентации. Активно се служи со англискиот jазик. Во 2006 година поминува едукација и обука за реанимација и ресуститација во организација на КАРИЛ при Медицинскиот факултет.

Посетувал тренинг за ICU Management; во Загреб, Хрватска во 2010 година, како и тренинг за ICU Management во Лондон, Англија во 2011 година. Поминувал обука за психолошка поддршка на лицата кои живеат со ХИВ во Нови Сад, Србија во 2019 година.

Истражувач е во CALVID-1 студијата за проценка на ефикасноста на IMU-038 плус изборот на испитувачот за стандардната терапиза за нега (SoC) спрема плацебо плус (SoC) во третманот на корона вирусот 2019 (КОВИД-19). Во 2020 година е назначен за координатор за КОВИД-19 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Во 2020 година, д-р Илир Демири се стекнува со титулата примариус.

Докторски студии од областа на медицинските науки на „Универзитетот Св.Кирил и Методиј“ запишал во 2013/2014 година, а на 28.10.2021 година успешно ја одбранил докторската дисертација насловена „Значење на висината на срумските концентрации на прокалцитониот во предвидување на текот и исходот кај пациенти“ со звањето доктор на медицински науки – клиничка медицина.

Во 2022 година, се избира во научно звање научен соработник од научните области: Инфектологија и тропски и карантиски заболувања.

Во 2023 година беше избран за медицински директор во ЈЗУ Клиничка Болница Тетово, кадешто покажа голем успех за многу кратко време.

Остави коментар