МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ГИ ПОСЕТИ ПОВРЕДЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО БОЛНИЦАТА ВО ЛЕСКОВАЦ

Министерот за здравство Доц. д-р Венко Филипче, по информациите за сообраќајната незгода која се случи денеска во близина на градот Лесковац во Србија, во која настрадаа македонски граѓани, вечерва, пристигна во болницата каде се сместени дел од повредените.

Министерот Филипче кој имаше непосредна средба со повредените, но и со лекарите од болницата, изрази благодарност за неверојатната професионалност на лекарите од Србија кои направиле се што може да ги спасат нашите граѓани, но и желба за побргу закрепнување на повредените.

Министерот за здравство доц. д-р Филипче, изјави дека за жал има три жртви во оваа несреќа, за кои изрази сочуство до семејствата на починатите.

„Лекарите од болницата во Лесковац максимално водат грижа за македонските опациенти кои настрадаа во оваа сообраќајна незгода. Благодарност и до српскиот министер за здравство Златибор Лончар. И локалните власти излегоа во пресрет, им помогнаа како на повредените, така и на ние кои минаа со помали повреди. Повредените се соодветно сместени во добри услови и им се дава соодветна помош, а за оние кои поминаа со помали повреди веќе се обезбедува нивно враќање во Република Македонија. Имав состанок со директорот на болницата во Лесковац, Небојша Димитријевиќ, кој детално ме информираше за состојбата на повредените македонски државјани. Во болницата во Лесковац моментално се сместени 8 пациенти и ниеден од нив не е во животна опасност. Сите се задржани на опсервација, додека не се подготвени за транспорт назад во Скопје. Има уште 6 пациенти кои се нешто посериозно повредени и кои се префрлени во Нишката болница. Сакам да им се заблагодарам на директорот и градоначалникот кои изреагирале многу професионално и во тешки услови и снег пружале прва помош за сите наши пациенти, за жал на некои од нив на лице место им била константирана смрт. Околу 14 луѓе сега се сместени во хотел и спремни се за транспорт назад во нашата земја“, изјави министерот Филипче од болницата во Лесковац.

Во несреќата, еден маж и две жени – македонски државјани загинаа на лице место. Сите лица се идентификувани, а четворица лица по укажаната помош самоиницијативно се вратиле во Македонија.

Според началникот на Хирургија во Лесковац, Димитријевиќ, во моментов осум пациенти се згрижени во лесковачката болница, двајца со тешки повреди на главата и на ’рбетниот столб се во болницата во Ниш, а 12 лица, од кои две деца по укажаната помош се сместени во хотелот Апостоловиќ и чекаат со обезбеден превоз да се вратат за Македонија.

Сподели на:

Related Posts

јануари 22, 2021

јануари 21, 2021

јануари 21, 2021