МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ГИ ПОСЕТИ ПОВРЕДЕНИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО СТРАШНАТА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА – ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СО НАТЧОВЕЧКИ НАПОРИ ПРАВАТ СЀ ЗА ДА ИМ ГИ СПАСАТ ЖИВОТИТЕ НА ПОВРЕДЕНИТЕ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска ги посети повредените пациенти во страшната сообраќајна несреќа што се случи во близина на село Ласкарци, на автопатот Скопје-Тетово, а кои се сместени во Градската општа болница „8 Септември“.

„Денеска во Градската општа болница „8 Септември“ од повредените од тешката сообраќајка се лекуваат 28 пациенти, а 6 ќе бидат пуштени на домашно лекување. Од вкупниот број на пациенти, 6 пациенти се наоѓаат во одделот за интензивно лекување. Кај двајца од нив во текот на вчерашниот ден е направена интервенција. Сите се со стабилни витални параметри, двајца од нив се на респираторна машина и состојбата е критична. Во Клиничкиот центар во Скопје вкупно се лекуваат 8 пациенти, од кои 4 на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, еден од пациентите на Клиниката за трауматологија, еден на неврохирургија, една пациентка (трудницата) на Клиниката за гинекологија, и таа е во добра општа состојба, и еден пациент на Клиниката за торакална хирургија. Четворицата пациенти кои се сместени на КАРИЛ се во навистина тешка состојба, кај една млада пациентка во моментот ќе се прави хируршка интервенција. Инаку, во однос на споменатите двајца пациенти кои се на респираторна машина, тие имаат повреди на повеќе системи, односно се политрауматизирани. Најмногу се повредите на главата, кои засега не бараат хируршка интервенција. И кај останатите пациенти најбројни се повредите на главата и градниот кош“, изјави министерот Филипче.

Во моментов, во болницата сместени се 28 повредени пациенти и здравствените работници со натчовечки напори прават сѐ за да им ги спасат животите на повредените.

„Ноќва после полноќ кај двајцата пациенти што беа префрлени на одделот на интензивно лекување (15-годишно момче и 40-годишниот пациент) заради влошување на состојбата и губење крв, беше индициран оперативен третман односно беа внесени во оперативниот протокол. Оперирано е прво момчето, таму е најдена лезија (повреда на црниот дроб), повреда на цревото со крварење во абдоминалната шуплина и сето тоа е санирано. Кај пациентот на 40-годишна возраст отворена е абдоминалната шуплина и најдена е повреда на тенкото црево и направена е мала ресекција на цревото. Во моментот тие се на сопствено дишење, во сосема добра состојба и стабилни. Се наоѓаат во одделот за реанимација и нивната состојба постојано се следи“, изјави д-р Костов.

Во страшната сообраќајна несреќа мобилизирани се специјалисти од земјава и искористени се ресурси од сите клиники, екипите од болницата „8 Септември“, Ургентниот Центар, Клиничката болница во Тетово и возилата за итна медицинска помош од Здравствениот дом во Скопје и од приватните болници „Систина“ и „Неуромедика“.

Share This Article :

Related Posts