МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ ЈА ПОСЕТИ КУМАНОВСКАТА БОЛНИЦА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче  ја посети општата болница во Куманово.

Тој заедно со раководството на болницата, направи обиколка на одделенијата за хирургија, гинекологија, интерното одделение, детското одделение и физикалната медицина и рехабилитација.

Во рамки на посетата се разговараше за предизвиците со кои се соочува оваа јавна здравствена установа  и се истакнаа приоритетите за решавање на актуелните проблеми со недостиг од кадар и опрема.

Исто така се дискутираше и за изградба на нов објект каде приоритетно би се сместила физикалната медицина и рехабилитација.

Општата болница во Куманово има стручен кадар кои работи со голема волја, ентузијазам и грижа за пациентите.

Заеднички ќе продолжиме да работиме на подобрување на капацитетите и условите за работа се со единствена цел –подобри здравствени услуги за сите граѓани.

Share This Article :

Related Posts